Летни модни совети за девојки со облини: Повеќе нема потење и триење на нозете додека носите фустан
Еве како да го намалиш и избегнеш лудото потење под рацете, градите или пак триењето на нозете додека носиш фустан или здолниште...
Не е невозможно барем малку да ја намалиш количината на потење. Кога сонцето е екстра силно, а температурите екстра високи сигурно со задоволство би се затвориле дома и не би излегувале. Со оглед на тоа дека ова не е опција, во продолжение ти подаруваме неколку мали летни трикови кои ќе ти помогнат да изгледаш одлично и да се чувствуваш удобно и на високи температури.
# Купете си чевли со ременчиња што се подесуваат или широки модели
За да ти уживаат стапалата и да бидат во центарот на вниманието одбирај сандали кои имаат ременчиња на подесување. По целодневното одење на сонце и високите температури не е необично да ви отечат нозете. Ова особено се случува во лето, затоа сандалите со ременчињата на подесување се вистинска опција. Секогаш можеш да отидеш до тоалет и да ги прошириш за да ти бидат поудобни. Исто така одбирај и платнени патики на врзување кои може доволно да се опуштат.
# Стави дезодоранс под градите
Најлошиот дел од летото: потењето - од секаде и од сите страни, дури и под градите. Не изгледа убаво кога ќе се испотиш на ова место и потта ќе ти се појави на маичката, но тоа можеш да го решиш така што наутро ќе ставиш малку дезодоранс и на ова место. Побарај некој кој го намалува потењето, а доколку имаш особено активен ден, стави го во чантата и прсни се во текот на денот за да бидеш 100% сигурна дека потта нема да се појави.
# Наместо маички кои постојано ти се креваат - облечи боди
Уште една иритантна работа која се случува се тесните маички кои постојано ти се креваат во текот на денот додека правиш нешто. На некои девојки тоа не им е проблем, но доколку на тебе ти создава нервоза обиди се да го решиш ова со тоа што ќе носиш боди.
# Градникот кој го носиш нека ти биде точен
Девојките кои имаат поголеми гради и имаат проблеми со тоа градите да не им излегуваат од градникот, што во текот на летото тоа не изгледа добро, бидејќи се носат тесни и тенки маички, треба да размислат за нов градник. Во продавниците за долна облека, продавачките нема да викаат на тебе доколку им побараш помош при изборот на нов градник, а доколку не си ја знаеш големите, со нивна помош ќе можеш да ја одредиш.
# Памукот и лен пред полиестер
Кога купуваш летни фустанчиња и маички, внимателно одбирај го материјалот. Секогаш тоа нека бидат материјали кои на твоето тело ќе му дозволат да дише, а тоа се оние природните како памукот или ленот, но никако не полиестерот. Овој материјал поттикнува потење.
# Кратки шорцеви под фустанот
Девојките кои имаат широки колкови сигурно веќе се запознале со проблемот триење на нозете под фустанот, во моментите кога не носат хулахопки. Освен овој проблем исто така нозете многу им се потат, а тоа не е баш удобно чувство. Затоа, под фустанот облечи кратки шорцеви. Нема да се гледаат, а ќе ја добиеш заштитата која ти е потребна.
# Одбери го вистинскиот модел на фармерски шорцеви
Не е удобно кога ќе облечеш кратки шорцеви, а од нив ќе ти излегува задникот. Ова станува голем проблем во лето за девојките кои се надарени на овој дел од телото. За да не покажеш повеќе од тоа што е потребно, треба само да го одбереш вистинскиот модел на фармерски шорцеви. Заборави на тесните и многу кратки - одбери ги „бојфренд“ моделите, тие се поопуштени и имаат малку подолги ногавици.
# Фустани кои од едната страна се малку подолги од она што е потребно
Да носиш слатки летни фустанчиња доколку имаш облини не е невозможна мисија, само повторно треба да го пронајдеш вистинскиот модел. Фустаните кои од позади се малку подолги се вистинското решение за тебе.