ЛЕТО БЕЗ МОДНИ ГРЕШКИ: 3 златни совети од лондонска стилистка

ЛЕТО БЕЗ МОДНИ ГРЕШКИ: 3 златни совети од лондонска стилистка

Објавена во: Мода // Moj стил

Обрнете внимание на овие совети ако сакате да изгледате шик

Лондонската стилистка Миранда Холдер даде неколку совети и упатства за тоа што да се носи ова лето.

Миранда одговорно тврди дека нема да биде прифатливо на улица ова лето доколку се појавите со проѕирен фустан, топ или маица. Градите не смеат да се видат!

Носете паметен миди фустан

Станува збор за фустан кој е лесен, може да се носи во сите прилики, раскошен и совршен за летните температури.

Миранда им дава зелено светло и на смелите додатоци како што се фантастични обетки или ѓердан. Сепак, тaa предупредува дека ваквите детали треба да бидат скромни.

Носете природни ткаенини

„Природните ткаенини поради кои кожата може да дише, како што се памукот и свилата, се идеални, но држете се подалеку од лен, освен ако не сакате да изгледате стуткано.“

Не носете тексас

„Ако сакате да изгледате елегантно, заборавете на тексасот! Дамите во тексас панталони изгледаат како да тргнале на утакмица или да фрлаат ѓубре“, вели таа.



Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: