Летото е тука - создадете добри навики за себе и вашиот метаболизам

Летото е тука - создадете добри навики за себе и вашиот метаболизам

Објавена во: После „Школо“ // PR

Една од најдобрите работи што можеме да ги направиме е да инвестираме во себе создавајќи добри и здрави навики. Летниот период е идеално време да почнеме одново, давајќи шанса за промени и план каде што на врвот на приоритетите ќе биде нашето здравје и добросостојба.

Сите сакаме да изгледаме убаво и пријатно во својата кожа, да останеме здрави, свежи и со полна енергија. Еве неколку совети како до подобар изглед и баланс летово.

Внесувајте храна богата со витамини и минерали

Храната богата со витамини и минерали потребно е секој ден да биде на нашата трпеза поради здравствените придобивки што ги овозможува. Консумирањето на сезонскиот зеленчук и овошје ќе ни дадат повеќе сила и енергија, ќе се чувствуваме сито, а во исто време ќе ги внесеме сите потребни нутриенти и хранливи вредности.

Пијте многу течности и вежбајте

Редовно пијте вода, минимум 2 литри на ден. Хидрирањето е важно во летниот период затоа што го прочистува телото и ослободува од сите токсини што ги внесуваме во организмот. Практикувањето физичка активност ќе ни овозможи подобар изглед и расположение.

Редовно консумирајте јогурт

Јогуртот е одлична храна во летните месеци. Редовното консумирање јогурт позитивно влијае на имунитетот, дигестивното здравје и ја негува нашата кожа. Покрај тоа, ја поттикнува целокупната здравствена состојба воспоставувајќи рамнотежа во организмот.

Функционалниот јогурт Баланс+ е вистинскиот избор. Овој производ одлично се комбинира и може да се приготви со разновидна храна, овошје или зеленчук. Како единствен клинички испитан јогурт,  

овозможува нормална работа на дигестивниот систем, ја регулира исхраната а преку постигнатиот баланс се создава и чувство на задоволство и леснотија. Богат е со витамини и минерали, но и две пробиотски култури LA-5 (Lactobacillus acidophilus)иBB-12 (Bifidobacterium lactis), кои се грижат за правилното функционирање на нашиот дигестивен систем и ги ублажуваат симптомите на вознемирен стомак и обновување на микрофлората на цревата. Доволно се само десет дена консумирање по 500 грама дневно и резултатите се видливи. Погоден е за сите возрасти, но поради тоа што е нискокалоричен е идеален за оние што внимаваат на својата исхрана и се грижат за телесната тежина.

Добрите навики започнете ги денеска!

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: