Лиам Хемсворт ќе ја тужи Мајли Сајрус: Дали пејачката ќе плати за нејзината „одмазничка песна“?

Лиам Хемсворт ќе ја тужи Мајли Сајрус: Дали пејачката ќе плати за нејзината „одмазничка песна“?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Озборувањата се сѐ погласни: актерот ќе ја тужи пејачката поради нејзиниот сингл...

Мајли Сајрус е на врвот на сите музички топ листи со песната „Flowers“, која му ја посвети на поранешниот сопруг Лиам Хемсворт.

Пејачката за разделбата и силата на жената ги освои срцата на слушателите ширум светот. Но, одмазничка песна го налути оној на кој му е посветена. Според пишувањата на американските таблоиди, Лиам подготвува тужба за својата поранешна сопруга, бидејќи песната сериозно наштетила на неговиот углед и кариера.

Наводно, поради песната за малку ќе го изгубел договорот со Нетфликс за серијата „The Witcher“, каде е предвидено дека ќе го замени Хенри Кавил.

Оваа шпекулација ја сподели и еден профил направен од обожавателите на Мајли на Твитер. Двојката се венчаше во 2018 година по неколку годишната врска, а официјално се разведе во 2020 година. Наводно, 30-годишната пејачка дознала за неверството на својот сопруг, што ја поттикнало да ја напише песната.


И да поднесе тужба, не знаеме дали Лиам ќе може да ја добие, бидејќи во текстот на песната, неговото име никаде не се споменува. Само милиони луѓе ширум светот  протолкуваа дека одредени стихови се посветени на него. Но, тука веќе станува збор за поетска слобода и можност секој на свој начин да ги толкува стиховите.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: