Лиам Хемсворт конечно среќен откако Мајли му го скрши срце и го уништи нивниот брак
Лиам Хемсворт е лудо заљубен и тоа со седум години помладата манекенка Габриела Брукс
Актерот Лиам Хемсворт минатото лето го заврши бракот со пејачката Мајли Сајрус по помалку од една година од венчавката.
Мајли оттогаш имаше кратка романса со блогерката Кејтлин Картер, а моментално е во врска со пејачот Коди Симпсон.
Лиам малку потешко го поднесе разводот, кој беше финализиран минатиот месец и неодамна за првпат е виден со новата девојка, моделот Габриела Брукс.
Актерот и Габриела се видени во Лос Анџелес на ручек. Изворот за американскиот „People“ рече дека парот е во сериозна врска, а дека Лиам ја запознал и со својот постари браќа, актерите Лук и Крис, но и со родителите.
Лиам ја однел Габриела и во Австралија, неговата родена земја. Пријателите на актерот велат дека е конечно среќен по разводот и дека со својата девојка има многу заеднички работи. Двајцата го сакаат сурфањето, вежбањето и уживаат на плажа.
„Лиам во последно време е во одлично расположение“ - велат неговите пријатели.