Лили Колинс проговори за злоставувањето: Поради насилното поранешно момче, таа се разболела психички и физички
Нејзиниот сегашен сопруг ѝ помогнал да ја врати вербата во вистинската љубов
Лили Колинс, која обожаваме да ја гледаме во серијата „Емили во Париз“, сега е во среќен брак со Чарли Мекдауел.
Но, пред среќната врска која кулминираше со брак, Лили помина низ врска која може да се нарече вистински пекол.
Во подкастот „We Can Do Hard Things with Glennon Doyle“, таа ја сподели својата приказна за насилна врска. Кога била во своите рани дваесетти, доживеала емотивна и вербална злоупотреба од партнерот.
Како што вели, нејзиното поранешно момче употребувало ужасни и омаловажувачки зборови, поради што ѝ паднала самодовербата и престанала да верува во себе.
„Мојата токсична романтична врска беше полна со вербална и емоционална злоупотреба. Станав прилично тивка и се чувствував безбедно, само во тишина и осаменост“, признала Лили.
Поради сите ужасни зборови и манипулации, 33-годишната девојка признала дека не ѝ било нарушено само психичкото, туку и физичкото здравје.
„Како да ми гореше кожата. Имав напади на паника и добив инфекција на бубрезите. Се појавија некои чудни физички манифестации и телото како да кажуваше дека ова не е местото каде што треба да бидам“, изјавила Лили.
Поминале 10 години од таа деструктивна врска, а благодарение на сопругот ѝ се вратила вербата во здрава љубов.
„Сега го имам мојот прекрасен сопруг кој ми дава поддршка. Комуницираме и разговараме за сè“, изјави актерката.
Лили не го откри идентитетот на нејзиното поранешно момче, кое било толку токсично за неа, а во последните години таблоидите ја поврзуваа со различни актери, како Зак Ефрон, Крис Еванс, Тејлор Лотнер и Ник Џонас.
Извор: teen385.dnevnik.hr