Лина Пејовска го освојува Балконот: „Нека те боли“ доби српска верзија
Нашата млада пејачка Лина Пејовска го ја објави српската верзија на „Нека те боли“, песна со која се претстави во Тирана, Албанија на музичкиот фестивал Kënga Magjike.
Оваа песна е авторско дело на прочуениот композитор Дарко Димитров и шоуменот Игор Џамбазов. По „Ако ме волиш“, „Одлучи се“ и „Нема“ ова е четврта песна која нашата Лина ја отпеа на српски.
Нема сомнеж дека и оваа балада ќе помине одлично и дека ќе има милионски прегледи. За истата сними и видео запис кој дефинитивно одлично ја доловува емоцијата на песната.