Лина Пејовска: Мојот рецепт за успех e добар тим + добра песна = 1 000 000 прегледи на YouTube
Лина Пејовска за себе вели дека е постојано ведра и насмеана, девојка која сака да се дружи, да гледа филмови, да црта и да прави сè што прават нејзините врсници. На 16 години ова звучи сосема нормално, но Лина има нешто што ја издвојува од својата генерација - милионски хит. Нејзината песна „Ако ме сакаш” стана апсолутен YouTube хит и достигна над 1 000 000 прегледи. Таа пред 2 месеци го промовираше и новиот видео запис за песната „Топло ладно‟, а периодов е актуелна и со препевот на песната „Совршен пар” која за кусо време на YouTube достигна гледаност од над 700 000. Лина за Hashtag.mk ја раскажа својата музичка приказна која започнува со „Пинкови звездички‟ и од тука патот на успехот за неа се движи во нагорна линија.
Со оглед на тоа дека постојано те има по поратлите и медумите, а видео записите за твоите песни по само неколку дена од објавувањето достигнуваат неверојатна гледаност, па како гледаш на популарноста, на гледаноста на твоите видеата и сето внимание од медиумите што те опкружува?
- Е сега како гледам на популарноста искрено не можам да кажам дека не ми годи, но сепак мислам дека популарноста не е пресудна, туку добрата песна е скалило плус кон успехот. Тоа го покажува гледаноста на моите видеа и тоа е единственото нешто кое ме радува. Тука се нормално и медиумите (електронски и печатени) кои неизмерно го следат секој мој чекор и им благодарам за тоа.
Како млада девојка која е на почетокот на својата музичка кариера од кого ја добиваш најголемата поддршка?
- Нормално тоа е моето семејство, но морам да им се заблагодарам и на моите професори од гимназијата „Јосип Броз Тито‟ за сета поддршка што ми ја даваат .
Видео записите за твоите песни за кусо време постигнуваат огромна гледаност на YouTube, а зад сето тоа мора да стои успешем тим, со кого соработуваш ?
- Соработувам со Дарко Димитров и Елена Ристеска, тука морам да ја напоменам и соработката со српската продукција „Меџик рекордс‟ преку која се пласираат моите песни кои се на српски јазик и кои имаат голема гледаност.
На сите твои настапи, а и на фотографиитешто ги споделуваш на на социјалните мрежи секогаш изгледаш беспрекорно, кој се грижи за твојот изглед?
- За мојот изглед се грижи мојот тим - Бобан Тодоровски (шминка и фризура), Ателје Ива Спасовска и Фешнгруп за мојот стајлинг, но тука морам да ја спомнам и мојата мајка која е дел од стајлинг тимот.
Што би им порачала на твоите врсници што се занимаваат со музика?
- Па што би им порачала -само со голем труд, скала по скала газете кон врвот.
Има ли рецепт за тоа како се постигнува гледаност од 1. 000. 000 на YouTube?
- Рецепт нормално има, а тоа е добар тим + добра песна = 1 000 000 гледаност. Хахахаха
Најгледаниот видео запис на Лина.
Како се справуваш со коментарите на публиката?
Коментарите нормално се секогаш добредојдени било да се позитивни или негативни, но не ми се пресудни.
Што следно да очекуваме од тебе?
- Следно од мене е настапот на Макфест и оваа година ќе настапам со една преубава балада, па гледајте и ќе слушнете.
Со кого би сакала да снимиш дует?
- Дует? Хмм? Од Балканот со Марија Шерифовиќ , а од светска сцена со Jessie J и Adele.
И за крај Hashtag што најмногу го користиш?
- Најчесто #promotion
Б.М.