Лина Пејовска: „Сите мои песни имаат поголема гледаност на Балканот отколку кај нас“!
Младата и надежна пејачка, Лина Пејовска слободно може да се фали со своите успеси на музичко поле. Имено, таа е една неколкуте македонски изведувачи кои може да се пофалат со милионски прегледи на „јутјуб“. Има неверојатен глас, а богами и „стас“. Важи за една од најследените личности на Инстаграм, а што таа ни откри во ова интервју, прочитајте си во продолжение.
# „Нема“ е песната со која се претстави на Макфест, а истата си доби и видео приказна за која можеме слободно да кажаеме дека помина одлично. Колку ти си задоволна од сработеното?
Да, „Нема“ е последно музичко парче од мене и задоволна сум како поминува, а тоа кажува и дека сум задоволна од сработеното, како од изведбата на самата песна така и од видео записот.
# Секоја твоја песна има и српска верзија. Како помина „Нема“ на Балканот?
Сите мои песни имаат српска верзија благодарение на соработката со српската продукција Magic records, и можам да кажам дека сите мои песни поминуваат со многу поголема гледаност на Балканот отколку овде. Дури не знам дали да кажам „за жал“?!
# Кога ќе може твоите фанови да очекуваат кавер на некоја странска песна?
Јас веќе снимив неколку кавери во Сараево кои морам да кажам дека имаат милионски прегледи, а за нов кавер ќе слушнете наскоро.
# Во првото интервју за нашиот портал изјави дека би сакала да снимаш дует со Марија Шерифовиќ, а се повеќе си актуелна во Србија. Мислиш ли дека наскоро би се оствари оваа соработка?
Ауу.. баш би сакала – но дали ќе ми се оствари тоа ќе видиме
# Важиш за една од најследените млади пејачки на Инстаграм. Што мислиш од каде имаш повеќе фанови од Македонија или од соседството?
Инстаграм е местото каде сум најактивна, следам, постирам и ме следат. А, за тоа од каде имам повеке фанови од Македонија или надвор повторно ќе кажам дека поголемиот број се фанови надвор од земјава. Но, и тоа не е важно, единствено ми е важно да се вистински и дека го сакаат она што го работам.
# Колку е тешко да опстане млад човек како тебе под нашето музичко небо?
Тешко или лесно мора да се бориме за да опстоиме и секој да си го пронајде своето делче од просторот каде што припаѓа. Се надевам дека си најдов место на нашето музичко небо и ќе се трудам да останам подолго.
# Неодамна започна новата сезона на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“, зошто не зазема учество во оваа ВИП сезона?
Не земав учество, затоа што јас во годината кога учествував не бев во 10 - те финалисти.
# Бидејќи новогодишните празници се на самиот праг, можеш ли да ни откриеш некој ритуал што го правиш секоја година овој период?
Предновогодишен ритуал?? Немам ништо посебно , единствено што секоја година во овој период си ја китам елката и уживам во предновогодишниот амбиент.
# Кој ти е омилениот подарок кој си го добила за нова година?
Омилен новогодишен подарок кој сум го добила се скии – затоа што сум голем фанатик за скијање.
# Kоја е твојата честитка за нашите читатели?
Сакајте те се и бидете сакани! Уживајте во секој миг и не откажувајте се од Вашите соништа. Можеби токму оваа година ќе станат реалност! Следете # - Среќна 2019!
Ивана Мисајловска