Линдзи Лохан е горда на своето тело по породувањето: „Јас сум најсреќната жена на светот“ (ФОТО)
Актерка
Линдзи Лохан неодамна на свет донесе
здраво машко дете кое го крсти Луаи. Ова необично име на арапски јазик
значи заштитник.
Само неколку недели по породувањето, 38-годишната актерка на Инстаграм ја објави првата фотографија по породувањето. Како што вели, горда е на своето тело.
-Толку сум горда на она што ова тело можеше да го постигне во текот на овие месеци од бременоста и сега, за време на закрепнувањето. Да се има бебе е најголемата радост на светот..., напиша актерката.
Таа своето прво дете го роди во Дубаи, каде што и живее. Лохан и нејзиниот сопруг се венчаа минатата година, а актерката изјави дека никогаш не била посреќна.
-Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да пронајдам среќа и милост, се во исто време. Пресреќна сум што токму ти си мојот сопруг, напишала по венчавката на Инстаграм.
Фото:youtube/screenshot