Little Mix го претставија новиот албум „LM5“

Little Mix го претставија новиот албум „LM5“

Објавена во: Stars // Музика

Девојките од групата Little Mix, со месеци наназад напорно работеа на новите песни, кои се дел од нивниот петти студиски албум насловен како LM5. 

Како што и самите изјавија, албумот LM5 е музички проект на кој одамна сакале да работат. Како уште еден доказ за нивниот ентузијазам е фактот дека албумот содржи 18 песни!

Песните Woman Like Me и Joan Of Arc минатиот месец го пронајдоа својот пат до публиката, а уште при првото слушање песните ветуваат зрел поп, електро, RnB и помaлку рок звук.

Како најава за новиот албум девојките одлучија да ги изненадат и своите обожаватели со видеозаписот за новиот сингл Strip.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: