Little Mix со нова женска химна – Joan Of Arc

Little Mix со нова женска химна – Joan Of Arc

Објавена во: Stars // Музика

По објавувањето на синглот „Woman Like Me“, кој беше во соработка со Ники Минаж, но и најавата за новиот албум „LM5“, девојките од Little Mix, одлучија да ги израдуваат своите обожаватели со уште една песна.

Иако не станува збор за официјален, туку само за промо сингл, песната Joan Of Arc уште на прво слушање звучи како вистинска женска химна. По само неколку дена од објавувањето песната има над 1.5 милиони прегледи на Јутјуб, што докажува дека е на добар пат да стане хит.

Преслушајте ја песната и одлучете сами!


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: