Лижење на WC школка, ставење прсти во струја: Најопасните предизвици на ТикТок

Лижење на WC школка, ставење прсти во струја: Најопасните предизвици на ТикТок

Социјалните мрежи се корисна алатка, но како сите останати може да се користат за погрешни цели. Вистина е дека предаторите на Интернет кои ги таргетираат децата треба да бидат надгледувани, но што се случува доколку социјалната мрежа ги охрабри децата да бидат својот најлош непријател само поради прегледи, лајкови и популарност во друштвото?

ТикТок моментално е една од најпопуларните апликации на светот чии корисници воглавно се деца и млади. Служи за креирање и споделување кратки видео формати. Најпопуларните формати на видеа се ранцот, пеењето, како и разните комични точки кои имаат за цел да го исмејат општеството или некое актуелно случување. Меѓутоа, кога се задлабочите малку, с'ржта на ТикТокот се предизвиците.

Поентата е една личност да смисли предизвик, додека сите останати корисници на апликацијата имаат задача да се испробаат. Предвизвиците носат лајкови и популарност, како и можност за видеото да стане „вирално“, односно да се прошири низ целиот свет. Во продолжение е листата со најпопуларни ТикТок предизвици:

# Предизвик коронавирус

Ова е експеримент во кој корисниците на апликацијата се предизвикани да ја излижат даската во WC школките на јавните места. Предизвикот го започна Ава Луиз, така што објави видео во кое го лиже капакот на WC школката во авион. Со ова видео, како што вели, сакала да докаже дека коронавирусот „е тука да ги убие старите лица здодевните“, а не младите луѓе како неа.

# Предзвик со монета

Можеби еден од најопасните предизвици кои оваа апликација ги поддржува. Децата ги предизвикуваат своите пријатели да стават монети помеѓу полначат и штекерот, така што ќе почнат да се појавуваат искри. ТикТок е преполн со видеа од деца кои на овој начин направиле пожар. Во Америка овој предизвик стана толку популарен што децата го практикувале и во училиште. Ситуацијата станала толку сериозна кога видеата дошле до полицијата, која излезе пред јавноста и апелираше родителите да влијаат на своите деца и да ги спречат во палењето на училишниот имот.

# „Skull breaker“ предизвик

Уште еден опасен ТикТок предизвик е „skull breaker“, во кој му се подметнува нога на оној кој скока, со цел личноста да се сопне и падне на глава. Овој експеримент резултираше со бројни потреси на мозок, скршени раце или нозе, а едно момче дури падна во кома.

# Предизвик за полни усни

На ТикТок се појави видео кое детално ја објаснува постапката како да ги зголемите усните без хируршки зафат. Се што е потребно, како што се наведува во видеото, е со супер лепак да ја залепите горната усна за кожата под носот и така да добиете поголема горна усна, која моментално е многу посакувана и симбол за убавина.

# Предизвик со белило

„Измешајте белило, желатин, крема за бричење и средство за дезинфекција на рацете и смесата ставете ја вреќичка“ - вели еден од корисниците на оваа апликација со ветување дека ќе ви се промени бојата на очите доколку го допрете ова до очите. По испробувањето на овој предизвик многу деца пријавија крварење од очите, изгореници и ослабен вид.

Можеби ќе ве интересира: