Љубител си на хорори: Ова се хорор игри кои мораш да ги изиграш со твоите пријатели!
Кој се плаши да игра хорор игри?!
Хорори... апсолутно необјаснива и нелогичка работа, но сепак се многу забавни! Што е толку супер во свесното и намерното предизвикување на страв, вознемирување и неудобност? Или зошто луѓето плаќаат влез во кино за фолмови за време на кои 50% седат со затворени очи? Или зошто луѓето симнуваат видео игри, го одигруваат туторијалот и возбудено и раскажуваат на своите пријатели како мораат да ја ограат таа игра? Кој би го знаел тоа, а реално и на никој не му е гајле. Со оглед на тоа што поглемиот број работи секогаш се прават во екита, ти ги претставуваме 4 - те хорор игри кои мора да ги одиграш со пријателите и да се задлабочите во светот на страшни ликови и приказни.
# Slender: The Eight Pages - има ли нешто позабавно од тоа кога на некому ќе му дадаш за прв пат да ја игра Slender, а ти од страна се смееш како дете кое видело голотија? Играта како игра е едноставна. Се наоѓаш во шума, се што имаш од опрема е обична светилка и мораш да собереш 8 парчиња хартија. Работата е во тоа да не бидеш сам - цело време те следи Slender (огромен лик без лице во одело), а колку повеќе хартии собираш, атмосферата станува се понапната и Slender е се потешко да се победи.
# Amnesia: The Drank Descent - ова е уште една игра како што твојот најдобар пријател ќе игра, а остатокот од екипата ќе гледа и ќе скока од страв на секое сомнително движење или звук од играта. Доколку играш сам, ова е најверојатно една од оние игри за кои ќе го запалиш светлото и многу е веројатно дека нема да играш повеќе од поливина час. Во кратки црти, се наоѓате во средновековен дворец и на ништо не се сеќавате. А за работите да полоши, ве прогонува некаков облик на проклетство. Низ играта морате да соберете фрагменти од дневникот за да го вратите сеќавањето, а низ сето тоа ве следи језива атмосфера.
# Trivia murder party - оваа игра, самата по себе не е страшна. Освен доколку не споиш со нешто како што е Сложувалката на стравот, а тоа е резултат на тој Trivia murder party. Доколку одговориш точно на прашањето, остануваш жив, а доколку одговориш погрешно - се приближуваш на својата „смрт“. Главната предност на оваа игра е тоа што може да се игра со 8 играчи.
# Until Dawn - оваа игра има се што еден хорор треба да има - куп тинејџери кои одат на излет во дрвена колиба, каде што тотално неочекувано налетува чудовиште кое сака да ги убие. Сепак, она по што оваа игра е карактеристична е неочекуваноста. Сакате да истражувате чуден звук? Да фрлате камен на волци? Да се скарате со некој од ликовите во играта? Каква одлука и да донесете, последиците на одлуката ќе бидат неочекувани, а може да завршат кобно. Во секој случај, колку повеќе луѓе има во собата - играта ќе биде повозбудлива.