Љубов, магии и забава: Тин - романи од Просветно дело
ШМИНКЕРКА
Од богатата понуда тин-наслови во Просветно дело препорачуваме лесна и ненаметлива содржина токму како што е насловот „Шминкерка“.
Вера Вишарт е личност која сака да ѝ угодува на својата мајка, па затоа и сè измислува само да ја восхити. Се преправа дека работи во водечка фирма за односи со јавност, а впрочем работи во продавница како шминкерка за козметика Китс. Ѝ раскажува на мајка си за Адам и за тоа како е совршено момче во секој поглед. Адам никогаш не гледа фудбал, никогаш не се опива, секогаш претпочита да помине мирна ноќ отколку да излезе со другарите.
Ех, единствениот проблем е што Адам вистински не постои. Вера го измислува, а мајка ѝ гори од желба да го запознае тој мистериозен Адам. Токму во тој интервал се враќа и сестрата на Вера од Австралија со својот вереник, и Вера, наместо свадбена треска, ја фаќа панична треска.
На Вера ѝ остануваат помалку од два месеца да го реши проблемот со непостоењето на нејзиното момче.
За време на свадбата на нејзината сестра, во очајни времиња, откријте какви очајнички мерки презема Вера...
ЛЕОН
Уште едно лесно четиво за љубителите на пишаниот збор од тин-библиотеката.
Станува збор за Мари и Леон кои долго се познаваат, но сега се вљубуваат еден во друг. Почнуваат интензивен живот, со многу патувања и забава, дружба со пријатели, подготовка за матура. Мери е многу вљубена во Леон и е фасцинирана од неговата неуморност, токму од она што ништо не му е доволно и постојано бара нови предизвици.
Токму тој дел од неговиот карактер ѝ создава на Мари кошмари кои не ѝ даваат спокој!
КРИЛЈА
КРИЛЈА на Априлин Пајк е извонредно дебитантско дело. Магична приказна за опасноста и за љубовта. Ова поинакво толкување на самовилската приказна ќе ги освои читателите со својата уверливост и фантазија.
Содржински, Лорел открива дека таа е самовила пратена во светот на луѓето за да го заштити влезот, односно, портата кон Авалон. Втурната среде столетната војна меѓу самовилите и троловите, таа е растргната меѓу човечката и самовилската љубов, како и од лојалноста на еден од овие два света.
Во оваа исклучителна приказна за магијата и за интригата, за романсата и за опасноста, сето она што мислевте дека сте го знаеле за самовилите ќе се промени засекогаш.