Љубов на прв поглед: Кои ѕвезди успеаа да ги заведат своите познати тинејџерски симпатии?
Да, можно е успешно да ја освоиш симпатијата - па и доколку била и позната ѕвезда.
Во продолжение откриваме 6 познати личности кои успеале да реализираат врска со својата позната симпатија, откако долго време вљубено ја гледале од далечина.
# Џастин Бибер и Хејли Болдвин
Хејли и Џастин се запознале во 2009 година кога Хејли му била само обожавателка на познатиот поп пејач. Во текот на годините Хејли покажувала дека Џастин и се допаѓа. За интервју за британскиот Vogue ја прашаа кого би одбрала - Џастин или Дрејк, на што таа одговори „секако дека би го избрала Џастин“. Набрзо потоа, Џастин и Хејли го известија светот дека се лудо вљубени, а сега се во брак и таа го носи неговото презиме.
# Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Познатиот спортист Алекс Родригез ги изрази своите симпатии кон Џенифер уште во 1998 година, кога го прашаа со која позната личност би имал состанок од соништата, а тој секако дека ја одбра прекрасната актерка и пејачка. Една година подоцна, тој доби нејзин автограм, а за состанок со Џенифер чекаше до 2017 година. Оттогаш тие се неразделни, а наскоро ја очекуваме и венчавката на познатиот пар. Изгледа дека некогаш соништата навистина се остваруваат.
# Коди Симпсон и Мајли Сајрус
Кога 15 - годишниот Коди го прашале која е неговата позната симпатија, одговорил дека е луд по Мајли. Во едно интервју дури призна дека „напамет ги знае сите текстови на нејзините песни и дека воопшто не му е срам да го признае тоа.“ Коди најверојатно не ни можел да замисли дека многу години подоцна ќе успее да ја освои познатата пејачка, а и да го поминува сегашниот карантин со неа. Парот својата романса ја започна набрзо по разводот на Мајли од Лиам Хемсворт.
# Ким Кардашијан и Канје Вест
Канје имаше симпатии кон Ким уште од 2006 година. Призна дека му се случила „љубов на прв поглед“ кога ја видел фотографијата на која биле Ким и нејзината тогаш најдобра пријателка Парис Хилтон. Трпеливо чекал 6 години за да ја освои, а својата позната симпатија ја ожени во 2014 година и со неа сега има 4 прекрасни деца.
# Лиам Пајн и Шерил Кол
Пред да стане член на One Direction, Лиам Пајн се пријави на аудиција за британскиот Х - фактор, а член на жирито беше токму познатата пејачка Шерил Кол. Лиам Призна дека 10 години постарата пејачка отсекогаш му се допаѓала, а успеа да ја освои во 2016 година. Парот тогаш започна врска, а заедно го добија и синот Беар. За жал, љубовта пукна во 2018 година, но и двајцата истакнуваат дека и понатаму се во добри односи.
# Дејвид и Викторија Бекам
Еден од најдолговечните парови во светот на познатите започна така што фудбалерот имал големи симпатии кон тогаш мегапопуларната сензација Викторија од групата Spice Girls. Дејвид призна дека гледал ТВ спот во кој била Викторија, покажал кон неа и му кажал на пријателот: „Ја гледап ли девојката во краткото црно фустанче? Ќе ја оженам.“ Тоа навистина му одеше од рака. Официјално се запознале во 1997 година, а во брачните води запловија во 1999. Сега имаат 4 деца, а дури и по повеќе од 20 години заедно и понатаму се лудо вљубени.
Иако овде станува збор за познатите личност, ваквите приказни и на нас „обичните луѓе“ ни даваат надеж дека можеме успешно да ја освоиме својата симпатија.