Љубовен занес од 1-ВИ АПРИЛ: Неколку знаци ќе бидат на седмо небо
Овен
Чувствувате потреба за малку да се релаксирате. Во претходниот период имавте многу напори и проблеми за решавање. Но, енергични и упорни како што сте, нема долго да издржите да бдиете смирени и неактивни.
Бик
Доколку сте родени во април, личноста која ја сакате ќе ви го разубави роденденот со симпатичен и помалку необичен подарок. Биковите родени во мај ќе имаат можност да склопат нови пријателства од кои некои ќе прераснат во сериозна врска.
Близнаци
Долго ќе се двоумите да ли да преземете некој чекор и да си создадете повеќе обврски. Иако тоа ќе ве примамува, сепак не сте сигурни дали ќе успеете да останете доследни до крај.
Рак
Вие не сте ненадејни и избувливи, но сега навистина ќе се разбеснете. Постои можност некој да ви ја украде идејата и да постигне успех наместо вас.
Лав
Доколку имате некои проблеми, побарајте помош. Не заборавајте дека лекарите најдобро можат да ви помогнат кога имате проблеми.
Девица
Вашиот аналитички дух ве поттикнува да размислувате за некои работи кои не се поклопуваат и овој месец пробувате да предложите рационални решенија. За жал, никој нема да биде заинтересиран сериозно да ве сослуша. Тоа ќе ве погоди.
Вага
Велат дека за Вагата љубовта е многу важна. Животот без љубов, без личност која се сака, изгледа празен и безмислен. Затоа со првите денови од пролетта сите Ваги кои немаат партнер или партнерка ќе започнат потрага по љубов. Резултатите од потрагата ќе бидат неизвесни.
Шкорпија
Вашата интуиција ќе ве спречи да им се придружите на колегите кои наводно се борат за вашите цели, а всушност сакаат себе да си создадат подобра позиција.
Стрелец
Пријателите од вас очекуваат да се ангажирате околу нешто. Вие тоа умеете да го правите добро, а потоа да направите нешто по нивна желба. Особено што периодов имате време на претек.
Јарец
Вашата неемотивност понекогаш му пречи на партнерот. Потребно е од време на време да му покажете колку навистина го сакате и дали се грижите за него. Потрудете се.
Водолија
Ќе чувствувате прекрасен љубовен занес. На Водолиите повеќе им одговараат кратките интензивни врски, отколку монотоната љубов на долга стаза, се додека не го најдат партнерот на нивниот живот.
Риби
Убедени сте дека нема вистински живот без љубов и нежност. Ќе бидете опколени со љубовни чувства - оние кои ги давате и оние ќе ги примате.