Љубовната приказна на Александар Белов
„ Само една е вистинската среќа во животот. Да сакаш и да бидеш сакан. Јас ја имам таа среќа повеќе од пет години.Ти благодарам Јелена“, вели поп-пејачот Александар Белов, кој со неговата девојка Јелена Станковиќ прослави пет години.
Поради Јелена, Белов се пресели во Србија, и сега заедно живеат во нејзиниот роден град, Крагуевац. Пејачот изјави дека неговиот дом сега е автопатот Е-75, поради тоа што паралелно настапува и во Македонија и во Србија.
„Таа далечина беше мал непријател во нашата врска. Веќе извесен период имам два дома, едниот ми е во моето Неготино, а вториот ми е во Крагуевац, но како што тргнало, автопатот Е-75 ми е оној вистинскиот (се шегувам). Скопје ми недостига и еден куп драги луѓе кои се таму, но секогаш наоѓам време да дојдам. Далечината сега е сведена на минимум, затоа што слободното време го користиме да сме заедно“, ни изјави Белов.
Неговата љубовна приказна со Јелена започна кога тој беше учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“ кое се емитуваше на МТВ.
„Приватно се знаеме многу подолго како пријатели, но некако тој вистинскиот чекор јас го направив во периодот кога бев учесник во првата сезона од „Танц со ѕвездите“. Тогаш таа изненадно дојде да ми биде подршка на снимање. Таму се појавија тие први искри, неочекувано и спонтано сѐ започна од тогаш , а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна која трае до ден денес“, додаде пејачот.
„Одамна на шега изјавив дека ќе се женам на 33 години, и како што тргнало не сум далеку да и тоа се случи тогаш, но сепак може да биде и порано. Живееме долг период заедно и бракот и свадбата е еден драг момент кој треба да се случи и ќе се случи“. Во вчерашниот телефонски рагзовор, пејачот ни откри дека ако каже повеќе на таа тема, нема да биде изненадување. На 7 февруари во 2020 година, Александар ќе наполни 33 години.
М.Џ.