Љубовните трагедии во животот на Наташа Беквалац: Нејзината прва љубов трагично почина, првиот сопруг имаше ужасна несреќа, третиот ја претепа

Љубовните трагедии во животот на Наташа Беквалац: Нејзината прва љубов трагично почина, првиот сопруг имаше ужасна несреќа, третиот ја претепа

Објавена во: Живот // Живот

Убавата пејачка имаше низа љубовни трагедии, а сите љубови во нејзиниот живот имаа нешто заедничко.

Славниот српски ватерполист и поранешен, воедно и прв сопруг на Наташа Беквалац, Данило Икодиновиќ, доживеа несреќа со мотор во 2008 година, а лекарите во тоа време се бореа за неговиот живот. За среќа, Данило се опорави од тешката сообраќајна несреќа, но токму несреќата и сè што се случи по неа - беше причина за подоцнежното разведување на парот. 

Уште тогаш, Наташа објасни дека никогаш не сакала кога Икодиновиќ се вози со својот мотор, а редакцијата на Курир откри зошто пејачката добила таков страв.

Имено, благодарение на сигурен извор, Курир откри дека првото момче на Беквалац, со кое била во врска пред да го сними својот прв албум, починал додека возел мотор.

„Тој беше убав млад човек, студираше архитектура и Ната беше навистина заљубена во него. Тие често возеа мотори и ги знаеше целиот Нови Сад. П. A. го обожаваше брзото возење и тоа за жал му се удри од главата. Несреќата што ја доживеа беше кобна за него. Од тогаш Наташа имс трауми од мотори и возење со поголема брзина“, изјави извор за Курир.

Беквалац и П. повеќе не биле во врска кога тој починал, таа тогаш го снимала својот прв албум, но многу емотивно ја издржала неговата загуба.
По играта на судбината, првиот сопруг на пејачката Данило Икодиновиќ беше исто голем љубител на мотори.

„Единственото нешто за што се расправаме јас и сопругата е мојот мотор и брзото возење“ - рече Даша во едно интервју додека тој сè уште беше во брак со Наташа. Неколку месеци после тоа, тој имаше сериозна сообраќајна несреќа на својата сива „Јамаха“ и едвај преживеа.

Последниот сопруг на пејачката Лука Лазукиќ е исто така страствен мотоциклист. Моторите се големо хоби за него. Тој исто така беше еден од организаторите на мото-настанот што се одржа на Тара.
Тој не доживеа несреќа со мотор, но направи жив пекол од животот на пејачката, кога ја претепа само неколку дена по раѓањето на нивната ќерка Катја.

Пејачката го пријавила Лазукиќ во полиција и во Центарот за социјална работа, а по некое време формално се разведе од него, со што стави крај на нејзиниот трет брак.

Не му требаше долго на Лазукиќ да го надмине овој раскин, па многу брзо започна романтична врска со Слаѓана Иванишевиќ, со која наскоро доби дете.

Пред нејзиниот брак со Лазукиќ, Наташа беше во навидум хармоничен брак со поранешниот ракометар Љубо Јовановиќ, но и тој брак заврши.
Пејачката го имаше истиот проблем со својот втор сопруг, бидејќи и Љуба Јовановиќ возеше брза машина на две тркала.

Врз основа на сето ова, можеме само да заклучиме дека Барби од Нови Сад немаше многу среќа во љубовта досега. Што не значи дека нема да дочека четврта среќа!


извор: stil.kurir.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: