Љубовта е насекаде: Сања Маринковиќ го покажа новото момче?

Љубовта е насекаде: Сања Маринковиќ го покажа новото момче?

Објавена во: Живот // Живот

Водителката Сања Маринковиќ минатата година стави точка на бракот со Александар Ухрин.

Сега, за првпат, таа ѝ го покажа на јавноста, судејќи според натписот, новото момче.

Имено, Сања објави фотографија на својот Инстаграм на која се, наводно, нејзиниот нов избраник и таа, а по насмевката на нивните лица може да се заклучи дека уживаат во убава вечера.

„Љубовта е насекаде“ - напиша водителката до сликата.

Мажот на фотографијата до Маринковиќ е Душан Петровиќ, богат банкар.

Да потсетиме, Сања и нејзиниот поранешен сопруг Александар Ухрин го имаат синот Страхиња.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: