Љубовта и состаноците за време на коронавирусот и социјалната изолација: Дали е возможно и како?
Не е се така црно како што ти изгледа на прв поглед.
Нема гледање со пријателите, нема гледање со симпатијата, ниту запознавање на нови луѓе. Значи ли тоа дека треба во потполност да престанеш да се состануваш додека не помине изолацијата или постои начин дека и овој период некако корисно да го искористиш?
Пред само неколку недели можеби почнавте да се гледате со некој, имавте можност да му се насмевнете на некој или да флертувате со симпатијата од училиште, но сега сето тоа застана. Значи ли тоа дека треба во потполност да се откажете од одење на состаноци и „дружење“ со некој кој ви се допаѓа? Секако дека не. Само затоа што моментално не можете да се видите во живо, не значи дека треба да ги кренете рацете. За време на социјалната изолација не мора да застане и животот, само треба да се промени и прилагоди. Сузан Тромбети, која инаку се занимава со спојување на луѓе и работи во компанија која се занимава со спојување на луѓе, откри за Seventeen некои корисни совети.
# Искористете го ова време за навистина добро да запознаете некој
Изгледа бесмислено да започнеш да се „состануваш“ сега со некој или да запознаваш нови личност, но доколку малку размислиш, ова е идеално време за конечно да и пишеш на симпатијата. Сите се затворени дома, а кога ќе ги завршите сите обврски, зошто да го не го искористите времето за разговор и допишување. Без разлика дали некој ти е влезен во око или ги имате симнато сите апликации за состанување, сега е вистинска можност за тоа. Баш поради тоа што не можете да се гледате со никој, лесно е да се спасите од некој кој ви е здодевен, но и да ги продлабочите односите со некој кој ви се допаѓа и да дознаете дали таа личност е добар избор.
# Вежбај заведување преку пораки
Исто како и со сите други вештини, така е и со заведувањето, вежбањето ги прави мајсторите. Доколку не ви оди да го усовршите пишувањето на слатки, но истовремено и паметни и досетливи пораки на кои симпатијата нема да може да оддолее, сега е вистинското време за тоа го избежбате тоа. Вежбајте со пријателите или со некои тотални странци на апликациите за состанување.
# Вклучете креативност во смислувањето на состаноци
Наместо да одите на кино, повикајте ја симпатијата на Нетфликс забава или пак наместо да одите на кафе направете си кафе дома и зборувајте на камера. А, доколку би требало да одите на концерт и двајцата приклучете се на некој од онлајн концертите кои се одржуваат на јутјуб и коментирајте на чет како да сте таму.
# Што и да правите, не ни размислувајте за тоа да се јавите на поранешниот / поранешната
Единствена работа која не се препорачува е јавувањето на поранешното момче или девојка. Во моментите на досада, очај, негативност... може оваа идеја да ви падне на памет и да ви изгледа добра, но немојте да го направите тоа. Во време кога работите изгледаат лоши и непредвидливи, луѓето имаат потреба да се вратат на лошите навики кои ги врзуваат за некое подобро време. Во такви моменти само треба да се сетите дека само затоа што ви е здодевно и сте осамени, сетете се на сите причини поради кои вие не сте со поранешните.