Љубовта им цвета - Војаж заљубен до уши во инфлуенсерката Тамара: Не сакав врската да стане јавна
Михајло Веруовиќ Војаж веќе некое време ужива во врска со инфлуенсерката Тамара Кујачиќ и не крие колку таа го прави среќен. Вели дека таа е нормална девојка, која воопшто не ја интересира популарноста и тоа е тема која никогаш не ја отвораат.
Сепак, има едно нешто што за малку ќе им ја расипело среќата во еден момент.
- Мојата девојка е нормална, не ја интересира популарноста, ниту пак зборуваме за тоа. Неодамна отидовме на патување заедно и планираме само да уживаме – раскажал Војаж за „Информер“, а потоа објаснил зошто не сака да зборува за својот љубовен живот јавно и покрај тоа што е заљубен глава до петици.
- Нашата врска стана јавна, иако јас не сакав. Кога ќе се вклучат туѓите енергии, може да настанат многу компликации. Затоа сакам да го задржам приватниот живот за себе – вели Михајло.
Фото: Инстаграм
Извор: 24sedam.rs