Љубовта пукна: Деми Ловато ја раскина веридбата по два месеци
Ве изненади ли оваа вест?
Изгледа дека поговорката „се што е брзо, трае кратко“ се испостави како точна.
Деми Ловато ја раскина веридбата со Макс Ерих, само два месеци по романтичната веридба покрај океанот.
„Тоа беше тешка одлука, но Деми и Макс се решија да се разделат за да се фокусираат на своите кариери. Се почитуваат и сакаат и засекогаш ќе го ценат заедничкото поминато време“ - рече изворот за магазинот People.
Пред ова, обожавателите почнаа да шпекулираат дека нешто не е во ред кога блискиот круг на пријатели на пејачката, но и нејзината сестра, го отследија актерот од Инстаграм.
Другиот извор порано откри дека не се сигурни дека намерите на Макс се добри, покрај тоа што Деми била луда по него.
Деми и Макс започнаа да се забавуваат во март оваа година, поради што на сите им беше чудно кога се верија во јуни.