Лошо друштво: Родените во еден од овие 5 хороскопски знаци се токсични пријатели

Лошо друштво: Родените во еден од овие 5 хороскопски знаци се токсични пријатели

Родените во овие хороскопски знаци не се најдобар материјал за пријатели, барем така вели астрологијата:

# Водолија

Водолиите на другите некогаш може да им делуваат како да се ладни и без емоции. Едноставно тие се такви по природа. Тешко се отвараат пред луѓето, па дури и пред оние кои ги сметаат за свои пријатели. Тоа што не сакаат да раговараат за своите чувства или да се отвараат за некои длабоки и емоционални теми, другите ќе го доживеат како да немаат доверба во нивниот однос. Да се биде пријател со Водолија понекогаш е токсичен однос, бидејќи секогаш се има впечаток дека не ни веруваат доволно дека мораме повеќе да се трудиме, секогаш и постојано. Покрај тоа, овој знак не сака компромиси. Сака да биде како што тој си замислил и не попушта.

# Овен

Овните не се сметаат за добри пријатели, бидејќи се експлозивни. Се лутат и поради најмала ситница и тоа во секунда. Во еден момент се е супер, а во следниот како да се отворила вратата од пеколот. Да имаш пријател околу кој секогаш треба да одиш по јајца и да внимаваш што зборува, за тој да не полуди, не е однос во кој се ужива. Овој знак сака да биде главен и не се замара премногу со тоа дали ти можеш да одиш некаде со него. Доколку тие сакаат сега, ќе биде сега.

# Близнаци

Близнаците се познати по тоа што се дволични. Поради начинот на кој се однесуваат и односите кон другите, се дуживаат како личности во кои не можеш да имаш доверба и се фејк. Секој однос во кој недостасува доверба, не е добар. Близнаците се вистински пчели, летаат од личност на личност, но кога ќе наидат на некој кој им се допаѓа, се фаќаат за таа личност и не и дозволуваат да дише. Иако тоа можеби на момент делува како нешто добро, всушност тоа е знак на токсичен однос. Колку тие да се добри со некој, сепак ви треба време кога не сте заедно, за да се дружите и со други луѓе. 

# Рак

Овој знак е многу емоционален, а некогаш таа емоција ја користи за лоши цели. Со своите чувства пробува да манипулира со луѓето околу себе. Секогаш сами себе се жалат и сакаат и сите останати да ги сожалуваат нив и нивната судбина. Во пријателските односи со нив секогаш ќе имаш чувство дека си терапевт кој го бараат само кога имаат проблем. Никогаш нема да сакаат или да имаат време да зборуваат за работите кои тебе те мачат.

# Шкорпија

Шкорпиите се многу љубоморни и да имаш пријател кој секогаш ќе биде љубоморен на твојот успех во животот не е добро, туку токсично. Пријателите треба да бидат оние кои се радуваат со нас кога нешто ќе остварите и да бидат наши најголеми фанови. Меѓутоа, нивната љубомора не им дозволува вистински да се радуваат на твојот успех и тоа се гледа. Освен тоа, овој знак го менува расположението од момент во момент. Сега се среќни, за една минута тажни, а за три минути подоцна се навредени. Никогаш не знаеш што те чека со нив и како да реагираш.


Можеби ќе ве интересира: