Лови питони, проучува алигатори и нурка со морски кучиња: Покрај кариерата како научник, оваа девојка прави и нешто поинакво (ФОТО)
Луѓето се зачудени кога ќе слушнат со што се занимава и како ги споила навидум неспоивите работи.
Рози Мур е научник кој ги проучува ајкулите и рептилите. Сепак, буџетот на домаќинството го полни со дополнителна заработка и тоа благодарение на моделингот.
Оваа 26-годишна Американка работи во градот Делреј, Флорида и е дел од тимот за управување со крајбрежните водни ресусрси, каде често доаѓа во контакт со предатори.
„Ловам питони, нуркам со ајкули и означувам разни видови на алигатори“ - кажа таа во интервју за „Business Insider“.
Како што откри Рози, во нејзината работа сè уште доминираат мажи. Без оглед на тоа што што сè повеќе жени се одлучуваат да студираат природни науки, барем според искуството на Рози, таа на интервјуата за работа, најмногу гледала мажи.
Но, како овој научник заврши како модел?
Таа откри дека во светот на моделинфот недостасуваат девојки кои можат добро да нуркаат и дека секогаш е тешко да се најде некој да фотографира под вода или со ајкули. Бидејќи таквите вештини се дел од работата на научникот, Рози го искористила она што го знае, за да се убиде и да успее во нешто сосема друго. Денеска потпишува договори со различни фирми за чии кампањи работи.
И покрај убавината на менекенството и моделингот општо, Рози никогаш не би ја напуштила кариерата за која завршила училиште.
„Кога луѓето мислат дека сте само модел, изгледа какда имаат лошо мислење за вас“ -вели таа, а потоа додава:
„Кога ќе дознаат дкеа се занимавам со сериозна работа и дека имам кариера како научник, веднаш ме гледаат со поголема почит.“
Рози има многу активен профил на Инстаграм преку кој сака да ги пормовира и популаризира меѓу девојките, кариерите кои се слични на нејзината, а со неа редовно контактираат девојки кои сакаат да знаат како да влезат во светот на науката.
Секоја работа заслужува почит, а Рози покажа дека една личност може да ги спои навидум неспоивите кариери - едната која стереотипно е машка и другата која стереотипно женска професија.
фото: Принтскрин / Инстаграм