Луѓето ја нападнаа Ким поради деталната рутина која Норт Вест ја има за нега на кожата: Треба ли 9-годишно девојче да го прави тоа? (ВИДЕО)

Луѓето ја нападнаа Ким поради деталната рутина која Норт Вест ја има за нега на кожата: Треба ли 9-годишно девојче да го прави тоа? (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Рутината за нега на кожата на ова девојче е потемелна од онаа која ја имаат некои возрасни жени...

Норт Вест и нејзината мајка Ким Кардашијан имаат заеднички профил на ТикТок под назив @kimandnorth. Мајката и ќерката на оваа платформа имаат 10 милиони следбеници, а често споделуваат видеа од своето секојдневие.

Во описот на профилот јасно пишува дека со профилот управува возрасна личност. Значи, Ким е одговорна за целата содржина на ТикТок профилот, вклучувајќи ги и сите оние објави во кои се појавува само нејзината ќерка.

Меѓутоа, ТикТок видеото кое го сподели ова 9-годишно девојче, а во кое покажува кои производи ги нанесува на својата кожа, предизвика вистинска дебата на социјалните мрежи.

@kimandnorth

original sound - Kim and North

Имено, Норт во видеото им објаснува на следбениците кои чекори се вклучени во рутината за нега на нејзината кожа. Ги користи производите за нега на кожата од брендот на нејзината мајка - „SKKN by Kim“. Прво го чисти лицето, потоа нанесува тоник, а на крајот серум и крема.

@kimandnorth

Getting ready

Are You That Somebody - Basically nightcore

Некои луѓе се навистина вознемирени од тоа што детето нанесува на лицето толку производи за чистење и хидратација. 

„Норт Вест има најхаотична рутина за нега на кожата која некогаш сум ја видела“ - гласи само еден во морето негативни коментари на социјалните мрежи.


Но, другите во сето тоа гледаат само забава, и нагласуваат дека Норт само експериментира и се забавува во апликацијата.

Една корисничка кажа дека Норт Вест има добра рутина за нега на кожата од неа, а станува збор за возрасна жена од 30 години.


Друга корисничка ги нападна сите оние кои ги критикуваат Норт и Ким. 

„Половина од вас со 30 изгледаат како да имаат 60 години, оставете ја Норт, никогаш не сте премлади за да почнете со нега на кожа“ - напиша на социјалните мрежи.


Канје Вест веќе неколку пати нагласи дека не е среќен што неговата ќерка има ТикТок профил и што толку се шминка. Но, малата Норт очигледно не се грижи за тоа, а корисниците на ТикТок веќе ја прогласија за најсмешна личност на таа мрежа. Изгледа дека талентот за социјалните мрежи ги има наследено од мајка ѝ и дека светот чека уште една инфлуенсерка од кланот Кардашијан.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: