Луѓето пронајдоа стари објави од Хејли Бибер за Џастин и Селена: Кој би кажал дека го пишувала ова? (ФОТО)

Луѓето пронајдоа стари објави од Хејли Бибер за Џастин и Селена: Кој би кажал дека го пишувала ова? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Селена го проболе Џастин, но Хејли ја нема преболено Селена...

Врската за која моментално зборува целиот Интернет. Иако Селена Гомез во неколку наврати кажа дека ситуацијата, односно врската со Џастин за неа е завршина приказна и дека го преболела, и неколку години по венчавката, Хејли и понатаму има проблеми со оваа стара љубов.

На „лошата девојка“ Хејли Бибер моментално не ѝ лесно, бидејќи изгледа дека целиот Интернет е насочен против неа. Сите се здружија и застанаа на страната на Селена, која Хејли и Кајли ја исмеваа. Многумина истакнаа дека е очигледно тоа што Хејли нема мир и дека и понатаму ги прогонува духовите од поранешната врска на нејзиниот сопруг. Обожавателите на Селена не заборавија и изгледа дека никогаш нема. Иако таа приказна е завршена, во исто време не е.

Ова трио е повторно во фокусот, а лошото однесување на Хејли излезе на виделина. Постојат разни теории на заговор како и зошто всушност таа завршила со Џастин. А, сега некој скролаше на нејзиниот профил на Твитер и пронајде нејзини стари објави од 2011 година! Од пред 12 години! Во нив ја коментирала врската на Селена и Џастин, а еве што имала тогаш да каже за оваа двојка.

Каква разлика! Изгледа дека Хејли како тинејџерка била обожавател на оваа двојка, како и секој друг тинејџер на светот. Сите знаеја за нив и на сите им беа одлична двојка. Па дури и Хејли! Иако Селена и Џастин раскинаа, сега веќе одамна, Интернетот нивната врска изгледа никогаш нема да ја заборави. Иако веруваме дека тоа не е лесно за Хејли, бидејќи никој не сака други да зборуваат за тоа дека сегашното момче било совршена двојка со својата поранешна, но тоа сепак не е причина за да се биде безобразна и злобна кон таа поранешна девојка.

И Хејли била нивен обожавал, а многумина истакнаа дека тоа е помалку смешно, бидејќи 6 години подоцна го „украде“ Џастин штом ѝ се отвори можност. Селена воопшто не сака да биде вмешана во целата оваа драма и се повлече од социјалните мрежи, а Хејли исто така не искоментира ништо.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: