Луѓето се тажни што Кендал Џенер секогаш на фотографиите го фотошопира истиот дел од телот (ФОТО)

Луѓето се тажни што Кендал Џенер секогаш на фотографиите го фотошопира истиот дел од телот (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сѐ со цел да биде слична на сестрите...

Кендал Џенер, моментално е еден од најпопуларните модели на светот и секој би помислил дека самодовербата е ѝ висока до облаци. Сепак, и таа е жртва на стандардите за убавина кои се популарни во светот, а поради кои е незадоволна од својот изглед.

Иако има тело на модел, и понатаму има потреба да ги уредува фотографиите пред да ги објави на социјалните мрежи. Тоа е само доказ за тоа колку некој добро и да изгледа и колку и да е згоден, сите имаат несигурности во својот изглед кој ги мачи.

Дури и Кендал Џенер, девојката која моментално е еден од најбараните модели на свеотт. Кога би ги споредиле фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи и како изгледа на видеата или фотографиите кои ги објавува некој друг, се гледа дека една работа на сите фотки ѝ е различна, а тоа е половината. За разлика од своите сестри, Кендал го нема тој песочен часовник облик на тело.


И затоа на фотографиите редовно ја уредува половината за да ѝ изгледа уште потенка и за телото да ѝ биде уште послично на она кое го имаат нејзините сестри. Многу девојки се споредуваат со Кендал и сакаат да изгледаат како неа, затоа понекогаш е добро да се согледа реалноста и да се потсети дека ни Кендал не изгледа како на фотографиите.

Еден профил на Инстаграм ги објави нејзините фотографии една до друга - оние уредените и оние кои не ги нема таа објавено. Јасно е дека половината ѝ изгледа поинаку. Овој профил сака да покаже и докаже дека телата кои ги гледаме и со кои се споредуваме не се реални. Иако Кендал е убава и има тело на модел, секако го уредува. Освен што нагласуваат дека ја намалува повината, тие се осврнаа и на бикини подрачјето. Многу мазно. Уште една работа која е нереална. Девојките имаат линии од кожата, промена на бојата или исеченици и други последици од бричењето.

Луѓето се сложија дека тоа е многу тажно - некој што е толку згоден и понатаму да има потреба да ги уредува своите фотографии, бидејќи смета дека не изгледа добро.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: