Луис на раменици, Шарлот и Џорџ покрај него: Посебен повод за објавување на нова фотка од принцот Вилијам со децата
Објавена е на сите официјални профили на социјалните мрежи на војводата и војвотката од Кембриџ...
Новата фотографија од принцот Вилијам со децата - прицот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот, беше објавена вчера на сите социјални мрежи. Таа е направена за време на минатогодишниот семеен одмор во Јордан, а за нејзиното објавување имаа посебна причина.
Имено, вчера се прославуваше „Денот на таткото“ и со оваа фотографија сакаа да му оддадат почит на принцот Вилијам, но и на сите татковци ширум светот.
Принцот Вилијам кој ќе наполни 40 години утре, на фотографијата е во опуштено издание, а она што исто така забележливо е дека децата добро се забавувале, со оглед на тоа што сите се смеат.
Инаку, малку е познато дека Кејт Мидлтон живеела во Јордан три години кога била дете, во периодот додека нејзиниот татко работел таму.
фото: Принтскрин / Инстаграм