Лукас: Конфликтот меѓу Цеца и Карлеуша е бесмислен, би било добро за нив да се смират
Аца Лукас е голем пријател со Цеца Ражнатовиќ, а како што ни кажа, иако сега не е толку близок со Јелена Карлеуша, смета дека таа е добар човек, а смета и дека конфликтот помеѓу овие две пејачки е бесмислен.
Аца низ смеа истакна Јелена и Цеца доколку би се смириле, би имале повеќе корист, отколку сега кога не се во добри односи и дека приказната за тоа на сите би им била интересна.
„Искрено да ви кажам, би сакал да се смират! Дури мислам дека тоа би било добро и за нив. Некако, вестите за тоа нивно судење поминуваат покрај нас, повеќе не се интересни. Мислам дека спектакуларна приказна ќе биде доколку се смират сега“ - почна тој за Телеграф Џетсет.
Ток откри и дали доколку се смират двете пејачки некогаш, дека тој ќе нема вмешано прсти во тоа, но затоа откри дека ќе ги повика да гостуваат заедно кај него во емисија и доколку дојдат.
„Никогаш нема да му бидам посредник на никој, бидејќи не скаам мене некој да ми попува, ниту да ме прашува зошто сум во океј со овој, а со друг некој не сум. Тоа го кажувам како мое мислење, можеби дури и деловно, мислам дека би било добро и за кариерите. Тоа би била невидена гужва. Би сакал да ги смирам, затоа што би имал корист од тоа, кога би сакале да дојдат кај мене во емисија“ - истакна Лукас, а потоа додаде:
„Не мора да се смират... Само да седат и да зборуваат, јас ќе зборувам и со едната и со другата. Тоа би било топ, не би имало тепачка, не би имало кавги. Можеби ќе ги прашам.“
„Ќе ги повикам секоја посебно, секако, но би била добро кога би сакале да дојдат заедно... Би сакал, тоа од некоја страна би било навистина интересно и добро. Мислам дека конфликтот е генерално бесмислен. Цеца многу ја сака и пријател сум со нејзиното семејството долги години и тука нема што да се оспорува. Ги штитам неа и нејзините деца особено, тоа е моја обврска како пријател на семејството“ - посочи фолкерот.
На крајот од разговор заклучи дека е најдобро да се смират во неговата емисија.