Луксуз, гордост и бескрајна љубов: Дипломска забава за ќерката на Драгана Мирковиќ (ФОТО)
Пејачката отсекогаш нагласувала дека нејзините деца се нејзината најголема гордост, а сега сподели уште едно достигнување на нејзината ќерка
Пејачката Драгана Мирковиќ е позната по тоа што својот приватен живот, а особено деталите за семејството ги чува далеку од очите на јавноста.
Многу не се знае за нејзините потомци Марко и Мануела, но во последно време пејачката и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ од време на време споделуваат интересни детали за нивниот семеен живот.
Нивната сакана Мануела дипломирала, а родителите и приредија прослава. Прво се огласи сопругот на Драгана, кој покрај фотографијата на која позира со ќерката напиша:
- Кукла на тато.
Радосната вест ја сподели и познатата фолк ѕвезда, која на Инстаграм објави фотографија од својата ќерка и торта на која пишува „Честито, Мануела“.
Декорацијата, инаку, беше во склад со пригодата, па на сите страни имаше матурски капи, соодветен украсен транспарент и портрет од Мануела. Парот ја организираше прославата во нивниот замок Ебенфурт, во близина на Виена, кој со години е во сопственост на брачниот пар Мирковиќ-Бијелиќ.
Ова, инаку, не е прва голема прослава во нивниот дом во последно време: Мануела неодамна го прослави својот 20-ти роденден.
Фотографии од роденденот на ќерката на Драгана Мирковиќ: Најголемо внимание привлече онаа со брат ѝ