Луксуз и детаљ кој ги изненади сите: Како изгледа вилата која Маринко Роквиќ ѝ ја остави на вдовицата?
Пејачот Маркинко Роквиќ почина на 68-годишна возраст по тешката борба со ракот на панкреас...
Иако знаеше дека болеста сè повеќе зема сила, тој не сакал да остави тестамент на своето семејство, туку до последниот момент се грижел за нив.
Маринко имотот кој го стекнал во текот на животот го поделил рамноправно, на своите синови и животната сопатничка на која ѝ починал на раце.
Пејачот и неговата сопруга Славица со години мислеле за тоа дека е најважно да ги обезбедат децата, па станот во Нов Белград го продале и парите ги распределиле така што ги обезбедиле синовите кои тогаш засновале семејства. Бидејќи Никола и Марко биле обезбедени, а Дарио немал намера да живее во Србија, куќата на Баново брдо останала на сопругата на Маринко.
Маринко и Славица живееле хармонично во просторниот дом уреден со многу внимание и љубов, а Славица се грижела за секој детаљ.
Жената со весела душа многу детали направила и сама, па така сигурно ќе ве воодушеват мини деталите кои сама ги направила за полиците, рамката со сини кристали, кои иста така ги направила сама и на својот дом му дала нов изглед. А, бидејќи сака здрав живот, Славица во дворот направила вистинска оаза на мир и здравје.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од домот кој Маринко ѝ го остави на својата сопруга: