Луксузната вила од 500.000 евра на Александра Пријовиќ: Пејачката покажа кое место му е омилено на малиот Александар (ФОТО)
Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со синот Александар живеат во луксузна вила на Бежаниска коса, во Белград.
Семејниот дом го платија околу половина милион евра, непосредно пред да го добијат наследникот, а својата оаза на мир дополнително ја реновираа и уредуваа по свој вкус.
Куќата на Александра и Филип е во близина на вилата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, а кога е во прашање внатрешноста воделе сметка за најситните детали и финеси, со оглед на тоа што средувањето траеше и во периодот откако пејачката се породи.
Внатрешноста на семејниот дом е во нежни тонови, а секој детаљ е посебен на свој начин и идеално се вклопува со остатокот од просториите.
Еден од најдрагите катчиња на Александра во куќата, како што изгледа, е просторијата во која има огромно огледало пред кое често се фотографира кога средена за некој настап или некоја приватна забава или прошетка.
Дефинитивно посебен детаљ во дневната соба е белиот клавир, украсен со фигури на бел ангел и бели цвеќиња, а покрај Алексадра и Филип, и малиот Александар ужива во ова катче.
Пејачката сака да се опушта на големата тераса која е свртена кон дворот, од каде што има преубав поглед. Кога станува збор за дворот, не може да се види од улицата, па семејството има приватност, додека со наследникот, семејството, но и пријателите ужива.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии:фото: Принтскрин / Инстаграм