Луксузниот живот на децата на познатите кои не знааат за зборот „НЕ“!
Тие се навикнати да добиваат се што ќе замислат, а родителите им ги исполнуваат сите желби!
Холивудските ѕвезди може да се пофалат со големи сметки во банка. Навикнати се на луксузниот животен стил кој го пренесуваат и на своите деца. За своите миленици не им е проблем да им платат се што ќе посакаат. Според Hermomentsu овие пет деца на познатите личности уште од мали добиваат се што ќе посакаат.
Ќерката на Kylie Jenner е мала верзија на својата мајка која за првиот роденден и организираше забава „Stormiworld“. На забавата гостите можеле да видат игротека во облаци, самовили кои шетаат и ги пречекуваат гостите, да јадат переци кои хостесите ги носеле на чадори или пак да се возат во лунапаркот под големиот шатор. Kylie за својата ќерка нарачала торта на неколку ката која била украсена со рачно нацртани и направени цветови.
Beyonce и JayZ на својата миленичка и купиле Barbie кукла која на себе има дијаманти во вредност од 80.000 долари. Но тоа не е се, таа исто така има када во која се бања и која е украсена со Swarovski кристали.
# Децата на Angeline Jolie и Brad Pitt
За нивните подароци не мораме многу да пишуваме, бидејќи се се гледа по подарот кој го доби Shiloh Jolie – Pitt. Имено, на девојчето родителите и изградиле терен за скејтбордање позади семејна куќа.
Ќерката на Tom Cruise и Katie Holmes од родителите доби две големи куќи само за играње. Уште како мала носела потпетици, а татко и и купил приватен авион за да може да ја вози ќерка си на егзотични патувања.
Познатите пејачи, Jennifer Lopez и Marc Anthony, на своите деца по раѓањето им го препишале цело крило од огромната вила во која живееле. Децата исто така добиле и две кончиња и тропалки украсени со дијаманти. Emma добила модни додатоци од Chanel во вредност од 2.500 долари.