Луна Џогани веќе е дома: Во краток фустан и без шминка замина од болница
Луна позираше со Марко, кој ја држеше Миа во транспортер и им рече на собраните медиуми дека сѐ уште се опоравува
Реалити sвездата Луна Џогани денес го напушти ГАК „Народни фронт“ со својата ќерка Миа, каде се породи пред четири дена. Џогани ги воодушеви сите со одлично издание во кое излезе од породилиштето.
Марко Миљковиќ дојде по среќна мајка и принцеза, и заедно насмеани заминаа од породилиштето.
Луна беше во краток тиркизен фустан, немаше тронка шминка на лицето, а долгата руса коса беше свиткана на краевите.
- Закрепнав колку што можев, сè уште ми е тешко да се движам, бидејќи тоа беше царски рез, нешто се искомплицира на крајот. Важно е да сум добро, да сум среќна, да го однесам бебето дома. Емотивна сум - рече Луна и заплака.
Погледнете како изгледа Луна четири дена по породувањето во галеријата:
-Најубаво можно чувство. Ова се солзи радосници. Одам дома да бидам со Марко и -семејството - рече Луна.фото: АТА images