Луна за ќерката Миа направи новогодишна бајка: Семејството Миљковиќ има специјален повод за славење
Гордата мајка сподели прекрасни фотографии од наследничката и ги воодушеви следбениците...
Луна Џогани живее вистинска бајка откако на свет дојде нејзината прва ќерка Миа, која внесе посебна магија во нејзиниот живот.
Преку својот јутјуб канал семејството Миљковиќ секојдневно споделува детали од животот, па така публиката има можност да ги следи нивните навики, првите денови на бебето, пазарувања, опремувањето на новиот стан, но и патувања.
Малата Миа наполни шест месеци, а гордата мајка по тој повод ѝ направи прекрасна новогодишна фотосесија која ќе се памети засекогаш.
„Сигурна сум дека знаеш дека бескрајно те сакам, но она што можеби не знаеш е дека секогаш кога сум нерасположена или не успевам во нешто што сум го наумила, се присетувам на тебе и тоа ми е сосема доволно за среќа“ - напиша Луна покрај фотографиите.