Лутите ривалки на погреб кај Милутин Мркоњиќ: Тагата ги спои Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша (ВИДЕО)

Лутите ривалки на погреб кај Милутин Мркоњиќ: Тагата ги спои Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ и Мира Шкориќ се појавија на погребот на Милутин Мркоњиќ, политичарот и големата љубов на Ана Бекута, со која ги помина последните скоро десет години. Тој ќе почива на Новите гробишта во Белград, во Алејата на заслужни граѓани, а средбата на инаку лутите ривалки помина во солзи од тага, а не поради било каков инцидент.

Секој од нив со тешко срце ѝ изрази сочувство на колешката, иако приватно, како што е познато, долго не се во добри односи.

За потсетување, Цеца и Карлеуша последен пат по долго време се сретнаа на погребот на Марина Туцаковиќ.

Овој пат сите, повторно ги спои тагата. Јелена, како и Цеца, не ја пушташе Ана од силната прегратка. Истото го направи и Шкориќ, која исто така не разговара со Цеца. Сите конфликти во тој момент паднаа во втор план.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: