Мадисон Бир: Тажно е што ме споредувате со Ариана Гранде

Мадисон Бир: Тажно е што ме споредувате со Ариана Гранде

Објавена во: Stars // Музика

Мадисон Бир е навистина нерасположена овие денови, бидејќи јавноста и става етикети! Имено, младата пејачка се огласи поради тоа што многумина ја споредуваат со Ариана Гранде, односно подобро кажано дека сметаат дека таа е само нејзина недостојна копија.

Мадисон неодамна имаше Инстаграм лајв, на кој доби прашање токму на оваа тема. Пред сѐ, таа сакаше да разјасни какво мислење има за Ариана, пренесува Daily Mail. „Отворено ја поддржував и бев Ариана со години. Јас мислам дека таа би го кажала тоа, а и јас го кажувам истото, дека таа создава работи кои инспирираат и тоа е она што уметниците треба да го прават.“

„Мислам дека е помалку тажно и дека повредува кога ќе бидам толку луѓе кои ме вознемируваат на многу начини, одземајќи ја легитимноста на сѐ што работа... Не мислам дека би требало да не спредуваат. Мислам дека секој од нас е приказна за себе. Таа дефитивно ме инспирира, бидејќи ми е еден од идолите.“

„Јас неа толку многу ја сакам. Тажно ми е кога луѓето не ставаат во кавга, а не постои ништо освен љубов. Ја обожавам и мислам дека таа е икона... Тоа е толку злобно, јас сум личност за себе. Доколку таа направи нешто што инспирира, мислам дека тоа ѝ е целта. Таа секогаш вели дека тоа е така. Поради тоа јас немам идеја во што е проблемот, доколку нејзината позитивност влијае на мене или на било кој друг. Јас не сум поинаква од вас, знаете?“

Инаку Мадисон за осум години кариера сѐ уште нема издадено ниту еден албум. Тоа конечно ќе се промени оваа година, откако ќе се го извади албумот „Life Support“. Од него таа веќе претстави четири песни, но ниту еден од нив не успеа да влезе на американската топ листа! Патот до врвот очигледно е многу тежок, дури и кога покрај себе го имате Џастин Бибер кој ја зема под свое пред осум години.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: