Мадона обожува додека нејзиниот син носи фустани: Јавно се пофали и ги згрози луѓето
Кралицата на поп музиката, Мадона објави ново видео на Инстаграм во кое се гледа дека нејзиниот син Дејвид Банда носи фустан.
Имено, пејачката гордо го поддржува својот син кој се прошета во долг, свилен беж фустан.
„Самодовербата е сè...“ - напиша во описот на видеото.
Објавата ја имаат погледнато повеќе од еден милион луѓе, додека истата собра повеќе од 130.000 лајкови.
Дејвид низ дома се шетал во фустан, додека на нозете носи бели патики, а на главата темни очила за сонце.
На крајот на видеото се слуша како вели: „Во фустан се чувствувам некако слободно, удобен е.“
Меѓутоа, на обожавателите ова не им се допадна.
„Не знам што е со вас?“, „Поддржувам различности, но зошто ова? Што правите со детето?“, „Навистина претерувате“, „Не можам и не сакам да го гледам ова, тој е маж“ - се само некои од коментарите.