Мадона продава крофни, Стинг бил кондуктер: Со што занимавале најголемите ѕвезди пред да заработат милиони?

Мадона продава крофни, Стинг бил кондуктер: Со што занимавале најголемите ѕвезди пред да заработат милиони?

Објавена во: Stars // Музика

Нема да верувате...

Пред да добијат светска популарност, познатите личности не се двоумеле да работат. За да заработат за живот, се занимавале со различни работи. Далеку од светлата на рефлекторите, гламурот и црвените килими, светски познатите ѕвездите работеле сосема обични работи.

По дивата Мадона, која интригира со своето однесување и провокативни фотографии за кои зборува целиот свет, пред да стане планетарно популарна пејачка продавала крофни.

Џони Деп некогаш работел во телефонски продажба, каде што продавал хемиски пенкала.

Ози Озборн долго се барал себе, па така работел како градежен работник, водоводџија, а најнеобичната професија дефинитивно му била „тјунер“ на свирки на автомобили, а сите се многу љубопитни да дознаат што точно правел. За среќа, на време се пронашол, па сега тврди: „Рокот не е мртов, бидејќи сум уште жив!“, а неговиот имот вреди околу 220 милиони долари.

Стинг исто така работел интересни и многу различни професии - едно време работел како кондуктер во автобус, потоа на луѓето им ги пресметувал даноците, а бил и наставник. Сега „тежи“ 300 милиони долари, но тврди дека тие пари нема да ги остави на своите деца. „Мораат да работат за своите пари, добра знаат дека нема да им остане многу од мене и скоро никогаш ништо не ми бараат, на што сум им благодарен“ - кажа неодамна.

Џон Бон Џови имал презабавна работа - ги украсувал излозите пред Божиќ. Очигледно, во прашање бил сезонски ангажман, што му оставило доволно време да работи на својата кариера, и како фронтмен на групата „Бон Џови“ да заработи неверојатни 410 милиони долари.

Раперот Паф Деди чистел тоалети во еден мексикански ресторан, а слична работел и Хју Грант, но во канцелариите на IBM во Лондон.

Гвен Стефани исто така се занимавала со работа поврзана со хигиената - го чистела подот во ресторан за брза храна. За истиот работодавач, но на други позиции, работеле и Ник Кенон, Џенифер Хадсон и Меган Фокс, која маскирана во банана рекламирала едно кафуле.

Џорџ Клуни продавал полиси за осигурување, а Бил Мареј топли костени пред супермаркетите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: