„Магла“ е направена за 10-тина минути: Антониа Гиговска за Хаштаг открива кој бил највозбуден за новата песна

„Магла“ е направена за 10-тина минути: Антониа Гиговска за Хаштаг открива кој бил највозбуден за новата песна

Објавена во: Stars // Интервјуа

Летото наголемо е веќе започнато, а со него пристигнаа и новите песни, кои пејачите со нетрпение очекуваа да ги пуштат во етер. Естрадата почна да се буди од т.н. „зимски сон“ и музиката која ја подготвуваа изминатата година, конечно одлучија да ѝ ја претстават на публиката.

Во морето нови песни е и „Магла“, песна која уште на прва освојува, како со музиката, така и со певливиот текст. Антониа Гиговска со оваа песна ја започна најавата за својот прв албум, а дека е полн погодок говорат и бројките, но и тоа што веќе една недела е на трендинг на Јутјуб. 

Антониа за Хаштаг откри како настанала, но и како поминало снимањето на видеозаписот, кој е правен по светски стандарди, но и кога ќе може да го очекуваме албумот „2001“.

# Минатата недела излезе твојата нова песна „Магла“, која воедно е и најава за твојот прв албум. Како падна одлуката албумот да го најавиш со песна во брз ритам? 

Не беше тешко, со оглед на тоа дека „Магла“ од прва беше полн погодок! Верувам во песната и навистина мислам дека е време за нов звук! 


# Зад „Магла“ стојат Тајзи и Роберт Билбилов. Дали е пишувана наменски за тебе или станува збор за песна која стоела во фиока додека да дојде вистинското време? 

Песната ја направи Лазар Цветкоски, а текстот Тајзи. „Магла“ е песна што е направена буквално за десетина минути и отпеана е од прва, затоа и има посебна емоција т.е. емоција од прва! Направена е за мене и само за мене! Тајзи изненади со текстот затоа што го напиша во, што се вели, еден здив и за неколку минути. 

# Секој ден се искачуваш сѐ повисоко на трендинг на Јутјуб. Колку ти значи тоа, но и дали воопшто ти значат бројките на оваа платформа? 

Секако, дека ми значат. Мојата прва песна со видеозапис „Невреме“ беше #1 во трендинг после „Ѕвездичките на Пинк“, па се сеќавам како се чувствував тогаш и како сега. Навистина има голема разлика во доживувањето на работите затоа што сега, гледано од друга перспектива, прегледите и претплатниците на Јутјуб и не се толку релевантни дека твојата песна ќе биде ХИТ. Јас имам 14.7k претпланици, но на сите песни имам 900.000, на „Vanilla“ 1 милион, што навистина значи многу и не игра улога. Важно е песните да ги слушаат и пеат на мои настапи/концерти во еден глас! 

# Интересно е што помеѓу коментарите на видеото има многу кои ги оставаат твои поддржувачи од  Србија. Дали можеби размислуваш за српска верзија на песната? 

Пресреќна сум што имам толку многу коментари од Србија и верувам дека ќе имам уште некоја песна после хитот „Могли смо у двоје“, којшто не се симнуваше од радиостаниците во Србија. Размислувавме за српска верзија на „Магла“, но овојпат одлучивме да оди само на македонски. 

# Во видеото се појавува и едно згодно момче. Како реагираше Иван на тоа? Беше ли љубоморен додека ги снимаше сцените со него? 

Ха, ха, ха... Па не, зошто да биде љубоморен... можеби и затоа сме заедно и се поддржуваме толку време како во музиката така и приватно. Иван беше на сет и беше повозбуден од мене за видеозаписот и за самата песна „Магла“ во којашто верува многу! 

# Кога да ја очекуваме промоцијата на албумот?

Се надевам дека тоа ќе може да се случи до крајот на оваа година! А, дотогаш ве очекуваат уште неколку нови нешта од мене, за да го комплетирам албумот „2001“.

И. Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: