Маја Беровиќ го покажа наследникот Лав: Пејачката по два месеци од породувањето изгледа неверојатно (ФОТО)

Маја Беровиќ го покажа наследникот Лав: Пејачката по два месеци од породувањето изгледа неверојатно (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Маја Беровиќ е во медиумска илегала откако се породи, а сега се огласи на Инстаграм каде објави фотографија со својот син Лав.

Имено, пејачката го покажа својот наследник, што ги разнежни нејзините верни обожаватели.

„Среќен Ден на мајките. Поздрав од капетанот на белиот брод“ - напиша Маја позирајќи со синот во прегратки, кој неодоливо се смее и радува.

На сметка на овие фотографии доби безброј комплименти, а поголемиот дел од нив се упатени за малиот Лав.

Сепак, не изостануваат ниту оние на нејзина сметка, односно на сметка на нејзината витка фигура која ја има доведено до совршенство во краток рок по породувањето.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: