Маја како бебе била оставена пред театар во картонска кутија: Веќе 15 години ги бара биолошките родители

Маја како бебе била оставена пред театар во картонска кутија: Веќе 15 години ги бара биолошките родители

Објавена во: Живот // Живот

На 17 август 1982 година, во дворот на детската градинка „Бошко Буха“ во Сараево од картонска кутија допирал детски плач. Во него лежело напуштено бебе.

Плачот на бебето привлекол една жена која се наоѓала во близина. Кога го видела бебето во кутија, повикала полиција. Со првиот преглед од страна на лекар во болницата „Језеро“, било утврдено дека станува збор за здраво девојче кое најверојатно е родено десетина дена порано. Така, датумот на раѓање на Маја бил забележан како 7 август 1982 година.

Следната година Маја ја поминала во Детскиот дом „Љубица Ивезиќ“. На 5 јули 1983 година била посвоена од Софија и Милош Томиќ, брачен пар од Сараево, кој не можел да има свои деца.

До својата 26-та година живеела во верување дека Софија и Милош се нејзини биолошки родители. Детството и младоста на Маја биле исполнети со љубов. Г-ѓа Софија починала кога Маја имала 7 години.

Милош и Маја војната ја поминале во Сараево, а во 1996 година животот го продолжиле во Белград. Милош починал пред 15 година, а три дена по неговата смрт, Маја случајно пронашла некои документи во викендицата, врз основа на кои дознава дека е посвоена. Оттогаш Маја трага по својата биолошка мајка, татко, кој било роднина. Тоа го прави и денес, иако живее и работи во Белград со сопругот.

„Дознав пред 13 години. Случајно. Најдов два документи во куќата на мојот покоен татко. Едниот документ беше отписот од домот „Љубица Ивезиќ“, другиот беше решението за посвојување и мојот ултразвук на колкот. Оттогаш почна мојата потрага“ - раскажува Маја. Институциите во Сараево во кои била згрижена не ја охрабриле да ја продолжи потрагата.

„Разговарав на телефон со тогашниот директор на домот, кој учтиво ми кажа да не прашувам. Ме праша дали имам убав живот и дали тоа е тоа, дека нема потреба да знам. Следниот чекор беше моето заминување во Сараево и кратко останав во домот. Одговорот беше: Не, нема документи. Одговор ми даде и Центарот за социјална работа, изводот од 1983 година е единствениот документ што го имам, оригиналниот лист го немам. Никогаш не ми беше даден. На тоа едно парче хартија се имињата Милош и Софија“ - вели Маја.

„За сите овие години имаше различни информации. Едно лице се претстави како моја биолошка мајка, но се покажа дека не е така. Во принцип, најмногу се информирам сега, кога сето тоа беше објавено во Босна и Херцеговина... Луѓето главно даваат податоци дека познаваат луѓе кои тогаш работеле во родилиштето, па можеби би требало да стапам во контакт со луѓе кои би можеле да се сетат. Имам целосно право да го знам моето потекло“ - категорична е Маја.

„Случајот на Маја може да се реши“ - вели Бранко Лазаревиќ. Овој пензиониран криминален инспектор од Загреб е поранешен шег на истражниот тим на полициската управа во Загреб и досега со нивните семејства обединил повеќе од 300 исчезнати лица.

Маја зборуваше дека не ги осудува биолошките родители. Не е научена да мрази и да суди, а секоја конкретна информација за потенцијалните родители би значела нешто.

Приказната на Маја повторно стана актуелна пред две години, а таа тогаш се огласи на Фејсбук со молба да ја контактираат само оние кои навистина сакаат да помогнат.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: