Мајка (35) објави видео со 15-годишната ќерка: Сите се прашуваат кој кого родил?

Мајка (35) објави видео со 15-годишната ќерка: Сите се прашуваат кој кого родил?

Објавена во: Мода // Moj стил

Инфлуенсерката ги збуни своите следбеници со објавата...

Британи Завијер, 35-годишна мајка од Лос Анџелес, на ТикТок и Инстаграм сподели неколку видеа со својата 15-годишна ќерка Џејдин, а едно стана вирално.

Почнува така што Британи изгледа замислено пред да ја сврти камерата кон својата ќерка, со текст преку видеото кој гласи: „Ја родив на 20 години и ја носев со себе, додека се обидував да го сфатам животот“.

@brittany.xavier her little sis won’t know the struggle  15 yrs later, we’ve been thru so much together @jadyn  #momanddaughter ib: @Katy Koons original sound - Mecca!

Видеото за кратко време беше преплавено со коментари во кои следбенците пишуваат дека се шокирани од фактот дека овие две дами се мајка и ќерка. Објавија неколку заеднички видеа, но многумина претпоставуваат дека се пријателки или сестри.

Луѓето се збунети мислејќи дека станува збор за шега и дека и двете имаат 20 години.

„Чекај кој е мајка? Изгледате како да имате исто години“, „Кој е мајка?“ - се само дел од коментарите под ова видео.

Британи порано зборуваше за блискоста со својата ќерка тинејџерка, за која се грижела сама.

„Се сеќавам која Џејдин се роди, во истиот момент почувствував поврзаност со неа. Тоа е нешто што може да го почувствува само мајка со своето дете“ - кажа мајката и додаде дека сега се чувствува многу посигурно како мајка. Како мајка на тинејџерка, имала толку многу работи да научи за целиот процес, а притоа уште одела на училиште и имала работа со полно работно време.

@brittany.xavier @jadyn #momanddaughter original sound - Brittany Xavier

„Овој пат се чувствувам многу повеќе приземјено. Можев да учам од моето минато за да ја направам секогаш подобра“ - вели Британи. Мајката и ќерката често ги осогласуваат модните комбинации, а истите ги презентираат на социјалните мрежи. Со скоро еден милион следбеници на ТикТок и Инстаграм, изгледа дека Џејдин ги следи стапките на својата мајка, која е ѕвезда на социјалните мрежи.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: