Мајка го игнорирала советот за абортус: Добила „еден во милион“ бебе кое продолжува да им пркоси на сите прогнози
Вилоу Реј Портер можеби не изгледа совршено за надворешниот свет, но за нејзината мајка таа е токму она што треба да биде.
Таа е чудото за кое нејзината мајка Кејти Хансон рече дека и го спасила животот откако тестот за бременост откри дека има рак на матката.
Вилоу моментално има 22 месеци и е родена со ретка болест, чии шанси се 1 во милион. Таа има нешто што се нарекува муколипидоза 2. Болеста предизвикува акумулација на клетки во меките ткива, зглобовите и коските. Тоа влијае на сè, од дишењето, варењето, до структурата на коските.
Тешко е да се справиш со животот на Вилоу што е толку лишен од сите нормални работи, но Кејти се грижи секој момент да биде важен и покрај мрачните прогнози.
Откако била советувана да абортира кога и бил откриен ракот, Хансон решила да ја носи целата бременост, а по породувањето и бил отстранет делот од матката со ракот.
Денес, Вилоу е среќно девојче со одредена подвижност, но некако ги победи прогнозите дека нема да преживее поради тешката дијагноза. Не очекува да зборува, но на четири месеци научи да кажува „мама“ и „да“.
„Сега се трудиме да имаме што повеќе спомени со неа, бидејќи тоа е сè што ќе имаме еден ден“, рече Хансон „Мојата главна цел е да оди еден ден и благодарна сум за секој ден секунда помината со неа, живееме без жалење и цениме сè“.
Болеста е многу ретка и во нејзиното проучување се вложуваат малку пари – главно се инвестира од семејствата на болните, и тоа во незначителни суми. И покрај нејзините борби, Хансон вели дека нејзината ќерка е социјална пеперутка која ги сака луѓето и поминува време со нив.
Вилоу има среќа што има мајка која решила да и даде шанса да живее и која верува дека животот вреди за секоја борба.