Мајка храброст: Целото тело на Ема горело додека се обидувала да ги извлече нејзините шест деца од огнот

Мајка храброст: Целото тело на Ема горело додека се обидувала да ги извлече нејзините шест деца од огнот

Објавена во: Живот // Живот

Огнот зафати 93 проценти од телото на Ема, но тоа не ја спречи да се пробива низ него за да ги спаси нејзините шест деца.

Не е залудно кажано дека мајката е подготвена на апсолутно сè за да ги заштити своите деца. Има толку многу приказни кои ја потврдуваат оваа теорија, а листата на најдобри примери вклучува мајка од Шведска која ги спасила своите шест деца додека нивната куќа била во пламен.


Ема Сколс има 31 година и е мајка на шест деца. Едно утро останала сама со децата во куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа. Било рано наутро и двајцата синови на возраст од 3 и 4 години се подготвувале за појадок. Тогаш еден од нив извикал „гори“, а Ема брзо истрчала по скалите за да види за што се работи. Таа сфатила дека завеси и софи на приземјето горат, а целата дневна соба била опкружена со оган.

Таа брзо ја отворила влезната врата и им рекла на своите синови да побегнат. Штом ја отворила вратата, во куќата влегла голема количина воздух, што го раширила огнот и предизвикала експлозија. Огнот го зафатил грбот на Ема, но таа не ги ни регистрирала повредите додека не ги спаси сите деца. Одела низ огнот, кој ги зафатил скалите, за да стигне до собите за да ги разбуди другите четири деца и да ги изнесе на терасата.

- Се сеќавам дека стапалата ми беа целосно изгорени, дека едвај одев и тој дел од кожата ми висеше од ногата. Паднав додека се качував по скали. Иако одењето беше исклучително тешко, верував дека можам и морам да ги спасам децата. Кога се качив нагоре, слушнав дека мојата деветгодишна ќерка скокна од балконот на вториот кат и истрча да побара помош од соседите; 11-годишниот син најде скала за да ни помогне на мене и неговите браќа и сестри да избегаме - се сеќава Ема.

Во тој момент го зела својот седумгодишен син и го однела на балконот. За време на спасувањето на децата ѝ горело целото тело, крварела насекаде, имала отворени рани на градите, а косата ѝ била целосно изгорена.

- Најстариот син беше шокиран кога ме виде, и искрено мислев дека ќе умрам. И токму кога мислев дека сите се спасени, дознав дека мојата најмлада, едногодишна ќерка е во кревет. Веднаш се вратив во куќата и повторно поминав низ огнот. Нејзината соба беше исполнета со чад. Не можев да ја видам, но ја најдов како плаче. Секој чекор ми беше тежок, како да бев веќе мртва - вели оваа храбра мајка.

Кога сите беа безбедни, Ема не можела повеќе да издржи и на крајот со последните сили едвај го утешила својот најстар син да не се грижи и дека неговата мајка наскоро ќе се врати дома.

- Дојде брза помош по мене. Бев во кома три недели и кога се разбудив прво прашав дали моите деца се безбедни - се сеќава таа.

На Ема во болницата ѝ биле дијагностицирани тешки изгореници на дури 93 проценти од нејзината кожа. Процесот на лекување и рехабилитација бил крајно болен. Ема имала најмалку 60 операции во првите три месеци, во тој период добила сепса и пневмонија, а неколку пати била на работ на живот и смрт.

Таа вели дека било толку тешко што неколку пати сакала да се откаже и да умре, но потоа кога ќе се присетила на ветувањето што му го дала на својот син дека ќе се врати брзо и ќе продолжи да се бори, сфаќала дека нема откжување.


На крајот, степенот на закрепнување на Ема ги изненади сите лекари. Не само што преживеа, туку и стана повторно и можеше полека да оди сама без патерици. По речиси половина година страдање, таа беше пуштена од болница. Таа немаше видливи изгореници на лицето, но кожата на остатокот од телото беше толку оштетена што дури и нејзиниот мал прст беше деформиран.

Сега Ема е повторно здрава. Покрај секојдневната физиотерапија, таа сè уште може да вози велосипед и да си игра со своите деца. Иако порано се чувствувала инфериорно поради лузните на телото, со постојаното охрабрување на семејството, се ослободила од психолошки бариери.

„Ова е сведоштво за мојата љубов кон децата“, вели оваа храбра мајка.

Поради нејзината храброст, таа беше наградена со „Првиот спасител“ во Шведска.

извор:stil.kurir.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: