Мајка ѝ дозволила на 8-годишната ќерка да ја исфарба косата: Сега ја напаѓаат на социјалните мрежи (ВИДЕО)
Девојчето две години упорно барало дозвола од мајката за да ги исфарба краевите на косата во сина боја, а кога мајката конечно дала дозвола и ја однела во фризерски салон и тоа го споделила на ТикТок, заврши како мета на критики.
Цели две години, осугодишната Мариа ја молела нејзината мајка Сесилја да ѝ дозволи да ги исфарба краевите на нејзината коса со сина боја. Мајката упорно одбивала да ѝ ја исполни оваа желба на својата ќерка, верувајќи дека тоа е само детски хир и дека таа ќе се откаже од овој третман.
Но, бидејќи две години нејзината желба била фарбањето, мајката во еден момент попуштила. Искуството од фризерскиот салон го документирала и го објавила на социјалната мрежа ТикТок, со коментар:
„Веќе две години Мариа бара да се исфарба. Конечно попуштив“.
Сесилија исто така со следбениците споделила што се случувало во фризерскиот салон, додека малата Мариа седела на столчето и чекала краевите на нејзината коса да ја попримат посакуваната сина боја.
„Од моментот кога влеговме во салонот моето дете беше насмеано. Кога првпат виде дека има впечатливи сини прамени на краевите од косата, изгледаше како најсреќната личност на светот“ - откри мајката.
@ceciliamoyerblog She was the happiest girl on earth! Thanks Lindsay Currie from Art of Life Salon & Spa for the amazing job! #daughter #bluehair #kidshair #andGO #haircolor Girlz Wanna Have Fun - MATTN & Stavros Martina & Kevin D
Исто така, таа им се заблагодарила на вработените во фризерскиот салон што на девојчето му ја исполниле големата желба. По објавувањето на видеото, следбениците на Сесилија, почнале да изнесуваат критички коментари.
Додека едни ја поддржувале, сметајќи дека фарбањето на краевите на косата кај децата е безопасно, сепак има и такви кои го осудија овој потег на мајката.
„Премногу е млада за фарбање на косата, зошто сте го дозволиле тоа?“, „Можеби е премногу млада, но изгледа дека денешните родители прават сè за да ги замолчат децата“, „Не, не и не!“, „Престанете да ги терате децата побрзо да пораснат. Нека уживаат во детството“ - се само дел од коментарите под видеото, кое мајката го објави на ТикТок.
Што мислите вие, кој е во право - оние кои ја поддржуваат мајката или оние кои не се сложуваат со нејзиниот потег?
фото: Принтскрин / Инстаграм