Мајка ѝ ја оставила на само 3 месеци: Соседите на Милица Павловиќ открија детали од нејзиното детство

Мајка ѝ ја оставила на само 3 месеци: Соседите на Милица Павловиќ открија детали од нејзиното детство

Објавена во: Живот // Живот

Соседите на Милица Павловиќ од местото во кое пејачката го поминала детството, открија детали од нејзиното растење и живот...

Пејачката Милица Павловиќ е од југот на Србија од приградска населба кај Лесковац, а таму го поминала и целото детство.

Бидејќи бракот на нејзините родители бил осуден напропаст, како што и самата зборуваше порано, мајка ѝ Мирјана ја оставила кај баба ѝ Рада и дедо ѝ Владимир на само три месеци.

Меѓутоа, во некогашниот дом на пејачката денес нема никој. Кога дедо ѝ починал, Милица по неколку месеци одлучила да ја смести својата баба во дом за стари лица во Белград, за да може почесто да се гледаат.

Како што пишува „24седум“, зад високата капија на домот на пејачката се крие мал двор и скромна куќа, обоена во розова боја. Иако никој не живее таму долго време, дворот е среден, а тревата свежо искосена, засадени се и лозници и туја.

Пространата куќа со два влеза, зеленило, селски пат, е сè она во што Павловиќ уживала како деовјче, сè додека не се преселила во Белград. Според зборовите на соседите, Милица никогаш не дозволила на нејзините најмили да им недостасува нешто и редовно вложувала во оваа куќа.

„Баба ѝ не е овде, таа е во дом за стари лица уште од февруари. Во ноември почина дедо Владимир и Милица сфати дека е најдобро баба ѝ да ја земе со себе во Белград, како поради короната, така и поради тоа што ќе може почесто да биде покрај неа.

Сигурно сте виделе колку често споделува фотографии со неа и дека ја однела во Белград. Така одлучи и да остане таму. Баба Рада и дедо Владимир цел живот ѝ го посветија на неа, и таа на некој начин реши да се грижи за нив, а во овој дом, каде што престојува ѝ е пружена сета можна нега“ - кажа првиот сосед за споменатиот медиум.

Според неговите зборови, Павловиќ биле домаќинство како и секое друго, се занимавале со земјоделие и сè што имале вложувале во својата внука. За мајката и таткото на пејачката соседот немаше многу што да каже.

„Мајка ѝ не ја гледа, а со татко ѝ повремено се слуша и гледа“ - додаде тој.

Во нејзината семејна куќа веќе подолго време нема никој. Баба ѝ и дедо ѝ се занимавале со земјоделие додека ги држеле нозете. Имале градина, ја обработувале заедно, а и Милица им помагала додека не влегла во музичките води.

„Кога почина дедо Владо, Рада остана сама, а бидејќи боледува од Алцхајмер, најдобро решение беше да оди во Белград покрај внуката. Таткото на Милица живее во Швајцарија, но беше овде на неколку дена на почетокот на август.

За нејзината мајка, откако ја остави, кога Милица имаше три месеци не знаеме апсолутно ништо. Милица е многу фина девојка, воспитана, ретко доаѓаше овде во последно време, но кога е тука секогаш се јавува. Без оглед на тоа што нејзината работа и живот се во Белград, таа сите овие години не ги заборави своите баба и дедо и ги посетуваше секогаш кога можеше, бидејќи тие ѝ беа како мајка и татко“ - кажа тој.

И првата сосетка имаше само добри зборови за пејачката и нејзиното семејство. За тоа како ја оставила мајка ѝ го раскажа детално.

„Мајка ѝ ја донесе на само три месеци овде и буквално исчезна. Мика (Милица) сè уште се јавува кога ќе дојде. Се дружеше со мојот син и ќерка, многу добро се согласуваа. Немам зборови за тоа дете, ја знам од малечка. Нејзиниот татко беше тука на неколку дена, но Милица тогаш не можеше да дојде, но тука беше нејзината тетка. Дојдоа да го видат имотот.

Нејзиниот татко се ожени, човекот го продолжи својот живот, бидејќи не може сам, што ќе прави. Што се однесува до нејзината мајка, не знам ништо за неа. Еве, јас овде сум повеќе од 20 години, таа ниту една не дојде. Што да се прави. Милица никогаш не ја споменуваше мајка ѝ, ја одгледаа баба ѝ и дедо ѝ. Овде среде дворот поставуваа базен, тука си играше.

Успеа да се избори, стана голема пејачка, а притоа не ги заборави своите, што е најважно. Кога и да дојде, се поздравува, прашува за останатите членови од семејството. Отсекогаш пееше, танцуваше, се знаеше дека ќе биде пејачка. Беше миленичка на дедо“ - кажа сосетката кожа живее во куќата покрај онаа во која израснала Милица.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: