Мајка и ќерка се хит на Инстаграм: Прават фризури, ги имитираат јавните личност, а вакви модни комбинации уште не сте виделе (ФОТО)
Аља и Стефани Чаглар се мајка и ќерка кои станаа хит на социјалните мрежи, благодарение на нивните прекрасни коси, но и разни модни комбинации, со кои Стефани ги имитира јавните личности...
Аља и Стефани Чаглар се мајка и ќерка, кои секојдневно ги воодушевуваат своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Малата Стефани дури има и повеќе следбенции од својата мајка, која ѝ го води профилот, а посебно внимание привлекува со своите модни комбинации, кои се т.н. имитација на одредени јавни личности.
Тие две често се снимаат заедно, покажувајќи ги долгите, здрави коси и разните начини на кои ги стилизираат.
Така можеме да видиме и како да направиме прекрасни локни, со и без никакви додатоци, шноли, ластичиња за коса и сѐ што е слично на тоа.
Стефани веќе се испроба и во актерството и моделингот, а како што се наведува, девојчето зборува дури 3 јазици - руски, турски и англиски.
„Го сакам моделингот, фотографирањето и најмногу од сѐ, го сакам животот“ - кажа во една прилика Стефани за „GMA“.
Со својата мајка живее во Анталија, Турција.
фото: Принтскрин / Инстаграм