Мајка и ќерки покажаа како на 3 начини комбинираат исто парче облека: Инспирација за сите возрасти

Мајка и ќерки покажаа како на 3 начини комбинираат исто парче облека: Инспирација за сите возрасти

Објавена во: Мода // Moj стил

Зошто жените во 50-тите години мора да се откажат од кроп-топовите? Оваа мајка знае како да ги искомбинира и износи...

Една мајка и нејзините две ќерки секојдневно на ТикТок покажуваат како да искомбинираме едно исто парче облека на различни начини. Мајката, која е во 50-тите години има префинет стил и вкус, а автентичните модни комбинации, кои одат со нејзините години, ги комбинираат нејзините ќерки - тинејџерка и девојка во 20-тите.

Сестрите Марло и Ингрид првенствено се снимале себе, а потоа им се приклучила и нивната мајка. На многу следбеници им се допаднало тоа што и мајката се појавува во видеата, па затоа и го започнале овој серијал.

Правилата се јасни - едно парче облека секоја од нив го комбинира по свој вкус. Ако погледнете неколку видеа, ќе ги забележете финесите на стилот на секоја од нив и ќе сфатите дека секоја модното парче го комбинира според својата возраст и животни навики.

@o.sister.o.sister #styled3ways #stylechallenge #tiktokfashionmonth #fallfashion Monster Mash - Bobby "Boris" Pickett & The Crypt-Kickers

Модните комбинации кои ги смислува помладата ќерка се погодни за носење во училиште. Постарата ќерка смислува комбинации кои би можеле да ги носиме на забави, концерти и вечери со пријателите, но нешто од тоа може да се пронајде и како екстравагантна улична мода. Кај нивната мајка се забележува дека тоа се комбинации погодни за на работа, но и дека таа можеби е и најкреативна поради умешноста секое модно парче да го вклопи во бизнис комбинација.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: